17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште - Part 3

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

12. Трага за локацијата на Светиот грал

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

На споменикот во Стафордшир во Англија има мистериозен натпис: DOUSVAVVM. Никој не знае кој го напишал тоа и никој не знае што значи, но многумина веруваат дека тоа можеби е порака оставена од страна на витезите темплари која води до точната локација на Светиот грал.

13. Од каде доаѓа англискиот збор „hooker“ за проститутка?

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

За време на американската граѓанска војна, генералот Џозеф Хукер секогаш сакал неговите војници да бидат задоволни и добро расположени и затоа земал жени секаде каде што оделе со војската. Денес неговото име се користи како англиски сленг за проститутка.

14. Најстрашните мумии

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

Најстрашните мумии во светот се оние во Гванхуато. Изразите на нивните лица покажуваат дека можеби биле закопани живи или мачени до смрт.

15. Нашите предци го користеле хероинот како сируп за кашлање

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

Помеѓу 1890 и 1910 година, Бајер произвел хероин кој се продавал како замена за морфиум бидејќи се верувало дека не предизвикува зависност. Освен тоа, хероинот се продавал и како сируп против детските кашлици.

16. Луѓето мислеле дека Распутин е бесмртен

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

За време на неговиот живот, рускиот мистик Распутин преживеал голем број обиди за убиство. Еднаш тој бил отруен, прободен и погоден со куршум во една единствена вечер! Убијците навистина мислеле дека е бесмртен додека не решиле да го фрлат во студените води на реката Нева откако пукале во него неколку пати. Неколку дена подоцна го нашле неговиот труп.

17. Храбар мајмун се борел во Првата Светска Војна

17 необични историски факти што сигурно не сте ги научиле на училиште

Алберт Мар го нашол јужноафриканскиот бабун Џеки кратко пред почетокот на Првата Светска Војна. Кога војната почнала, Алберт отишол во војска и го земал Џеки со него. Не само што Џеки ги забавувал војниците, туку и ги предупредувал кога се доближувале непријателите, па дури и се борел во битките. На крајот од неговата служба, тој бил награден со медал за храброст. Кога завршила војната, Џеки продолжил да живее со неговиот господар сѐ до 1921 година.

Доколку ве заинтересира овој текст, прочитајте ги и овие интересни факти поврзани со сите први моменти во историјата на Интернетот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар