15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат

15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат

6. Мостар

Мостар беше еден од најразрушените градови во војната во Босна, но и покрај тоа денес има доволно сочувана архитектура која говори за богатото културно минато на овој град. Најпознатата атракција овде е Стари Мост, а покрај тоа градот изобилува и со преубава исламска архитектура.

15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат

7. Задар

Најважното нешто што треба да се види и слушне во Задар се Морските оргули и Поздравот на Сонцето. Морските оргули се скалила изградени на самиот брег под кои има мали цевчиња кои со помош на силата на морето произведуваат звук во седум различни акорди од пет тонови, а звукот излегува од посебни канали. Поздравот на Сонцето, пак, е голем круг од стаклени плочки во кои е вградена опрема за собирање на соларна енергија и којшто почнува да свети веднаш штом зајде сонцето.

15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат

8. Ровињ

Малиот хрватски град Ровињ со својот изглед многу потсетува на италијанските крајбрежни гратчиња. Впрочем, во градот и хрватскиот и италијанскиот јазик се службени.

15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат

9. Котор

Котор е спој на спектакуларни пејзажи и шармантна јадранска архитектура. Сместен е во заливот Бока Которска кој претставува најдлабок фјорд на Балканот, а секако и најубав. Стариот дел на градот е прекрасен и е под заштита на УНЕСКО. Од таму може да ги искачите 1350-те скалила кои ќе ве одведат до стрмните планини и ќе ви понудат незаборавна глетка над градот и целиот залив.

15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат

10. Призрен

Призрен не беше многу оштетен во неодамнешната војна во Косово, така што бројните џамии и манастири од средниот век се добро зачувани. Од Скопје е оддалечен околу четири часа со автобус.

15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат 15 убави места на Балканот кои вреди да се посетат