15 ситуации што ќе ги разберат само оние девојки кои секојдневно сакаат да дремнуваат

На некои луѓе дремката им е неопходна со цел да може да функционираат. Некои пак едноставно ја обожаваат оваа навика. Ако и вие обожавате секојдневно да дремнувате, сигурно ќе се пронајдете во многу од овие ситуации.

15 работи кои ќе ги разберат оние девојки кои секојдневно сакаат да дремнуваат

1. Мразите кога вашите пријатели ќе испланираат нешто во последна минута. Не затоа што не сакате да се дружите, туку ако сте знаеле порано, дефинитивно ќе се подготвевте со мала дремка.

2. Затоа честопати ги одбивате плановите направени во последна минута. Затоа што сте зафатени. Зафатени со дремнување.

3. Вашите пријатели не ви веруваат дека можете да дремнете на секое место и во секое време, додека самите не се уверат во тоа. Тие мислат дека претерувате сѐ додека не ве видат како дремнувате на масата во библиотека додека учите за претстојниот испит.

4. Вие буквално можете да јадете додека дремете. Дефинитивно сте добри во тоа.

5. Ако треба да бидете будни цел ден и ја пропуштите вашата задолжителна попладневна дремка, тогаш мора да пиете кафе за да се одржувате „во живот“. А доколку поради одредени причини не успеете да се напиете кафе, тогаш дефинитивно ќе бидете совладани од дремката.

6. Вашиот распоред на дремнување влијае на вашиот распоред за спиење. Доколку дремнете од 6 до 8 часот попладне, тогаш знаете дека нема да заспиете до 2 часот наутро, па ќе ги гледате најновите епизоди од омилената серија.

7. Користите трикови за да можете да ги завршите вашите обврски пред да дремнете. На пример, ги ставате на креветот алиштата кои се за перење, за да бидете принудени да ги однесете, но тоа речиси никогаш не ви успева, па легнувате врз нив.

8. Умеете да го цените времето за дремнување. Се сеќавате колку мразевте да спиете дење кога бевте мали деца? Сега е обратно, дури би платиле за да можете да се одморите!

15 работи кои ќе ги разберат оние девојки кои секојдневно сакаат да дремнуваат

9. Ѝ се извинувате на дремката што порано не сте ја ценеле толку. Сепак, сте биле млади и неискусни, но затоа сега ја сакате премногу.

10. Секогаш кога вашиот пријател ќе дојде кај вас го прашувате дали сака да дремнете заедно. Ако сте уморни, не би можеле да издржите, зар не? Дремнувањето е забавно, исто како гледање филм со затворени очи, но без пушен филм во позадина. Интересно!

11. Кога имате 24 часа за да завршите некоја обврска, вашата тастатура може да ви послужи како перница.

12. Не можете да зборувате на телефон додека лежите во кревет, затоа што во кој било момент може да задремете и да го оставите соговорникот да си зборува сам…

13. Сметате дека дремнувањето треба да биде олимписки спорт затоа што е потребна умешност да ги држите отворени капаците што тежат олово и да ги мрдате нозете кои како да имаат тегови.

14. Вашите пријатели се срамат да кажат дека за време на викендот одморале подолг период. За нив еден ден поминат во спиење е изгубен ден, а вам дремнувањето ви ја храни душата.

15. Вие заспивате додека сѐ уште е ден, а се будите кога надвор е темно. Па, тогаш сте збунети и не знаете колку долго сте спиеле, дали со часови или со денови…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар