15 причини зошто кафето е секогаш подобар избор од чајот

Покрај здравствените придобивки, кафето има многу позитивни страни. Оние кои се љубители можат да потврдат дека доволно е само да го помирисаат и веднаш се посреќни. Исто така не смее да се заборави и брилијантната комбинација на кофеин и чоколадо. Зарем има нешто подобро? Погледнете ги следниве 15 причини зошто кафе е секогаш подобар избор од чајот!

(1) 15 причини зошто кафето е секогаш подобар избор од чајот

1. Кафето е една причина повеќе да се радувате на состаноците со вашиот партнер. Тоа шири љубов.

2. Кафето барем има вкус. За разлика од чајот, кој е комбинација од вода и лисја кои немаат вкус.

3. Кафето ви дава енергија! Одличен избор кога ви е потребна енергија затоа што сте биле будни цела ноќ мразејќи го чајот.

4. Кафето ве учи нешто повеќе за умереност. Доколку испиете исто толку чаши кафе колку што пијат луѓето чај ќе полудите.

5. Можете да правите уметност од кафе. Не сме сигурни дека може да се направи уметност од потопувањето на кесички со чај во жешка вода.

15 причини зошто кафето е секогаш подобар избор од чајот

6. Не треба да го посетувате тоалетот на секои 5 минути, како што прават љубителите на чај. Токму затоа имате дополнително слободно време за да размислувате колку е најдобро кафето. Или за да го живеете секојдневниот живот, како ви одговара вам повеќе.

7. Кафето е одличен придружник на фотографиите со вашите пријатели. Големи се шансите дека тоа ќе биде причина за големиот број лајкови.

8. „Одењето на кафе“ со луѓето е значајна практика во животот на возрасните. Овој израз со други зборови може да се протолкува и како „Јас сум сега вистинска возрасна личност“.

9. Секое кафе има егзотично пакување. Чајот, не баш.

10. На кафето можете да му додадете чоколадо. Ова е еден од најголемите изуми на човештвото.

15 причини зошто кафето е секогаш подобар избор од чајот

11. Миризбата на кафето ве прави посреќни. Ова дури е и научно докажано. Но, сите љубители на кафето одамна ја знаат оваа вистина, се согласувате?

12. Изборот во менито е буквално бескраен. Како е можно еден пијалак да се подготвува во толку многу различни комбинации? Тоа е неверојатно.

13. Леденото кафе е совршеното летно освежување. Без него, ниту еден љубител на кафе не би можел да преживее.

14. Кафето има многу алатки. Машина за еспресо, макијато, капучино…

15. Кафето ве прави кул. Кој пие кафе? Секси парижанки, жешки рок ѕвезди… Кој пие чај? Бабите и слично.

15 причини зошто кафето е секогаш подобар избор од чајот

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар