15 правила што треба да ги знаат и луѓето што не одат во луксузни ресторани

15 правила што треба да ги знаат и луѓето што не одат во луксузни ресторани

Вашето однесување не мора да биде премногу формално, но треба да знаете како правилно да јадете хамбургер или како се отстранува отпечаток од кармин на чашата. Овие правила може да ви помогнат да избегнете многу непријатни ситуации и да се чувствувате посамоуверено.

15 правила што треба да ги знаат и луѓето што не одат во луксузни ресторани

1. Ако поканите некого на вечера или на ручек, не нарачувајте први. Дозволете лицето што сте го поканиле да го направи својот избор. Ако нарачате први, можеби ќе одлучите да нарачате салата, а вашиот придружник ќе остане гладен бидејќи тој не сака да нарача порција поголема од вашата.

2. Ако знаете дека некој може да ве повика за време на вашиот оброк, однапред предупредете ја личноста со којашто сте во ресторанот. За време на разговорот, подобро е да ја напуштите просторијата за вашиот придружник да не се чувствува непријатно.

3. И покрај популарното мислење, салфетката можете да ја ставите на вратот, но само во случаи кога јадете супа. И најдобро е да му кажете на вашиот придружник дека ќе користите салфетка за да ги избегнете дамките.

4. Не користете чепкалка за заби на масата, подобро е да го направите тоа во тоалетот. Во добар ресторан нема да најдете чепкалки за заби.

5. Не постојат посебни правила за левучарите – тие исто така треба да ја држат виљушката во левата рака, а ножот во десната рака.

6. Да бидете елегантни значи да се однесувате соодветно. Ако се наоѓате во едноставен ресторан во близина на море, можете да ги јадете ракчињата со раце. Ако сте во луксузно место, користете нож и вилушка.

7. Не е учтиво да носите пижами кога ќе појадувате во хотел со бифе. Не ставајте топла и ладна храна на иста чинија и не земајте премногу храна. Не е пристојно да ги изберете најдобрите парчиња што се на послужавникот, подобро е да ги земете тие што се најблиску до вас.

8. За да не оставите отпечатоци од кармин на чашата, подобро е да купите поквалитетни и поотпорни производи за убавина. Ако немате таков кармин, можете да искористите еден трик: излижете ги усните пред да се напиете. Ако сепак оставите кармин на чашата, можете да го отстраните со хартиена салфетка. Најдобро е да пиете од истата страна на чашата за да не ја обоите насекаде.

9. Постојат различни мислења за тоа како треба да се јадат школките. Може да најдете препораки кои велат дека треба да се јадат или со раце или со прибор за јадење. Едниот начин на јадење е да ја испразните школката и да ја земете со десната рака. Потоа земете ја полуотворената школка во левата рака и извадете го месото со празната школка.

10. Хамбургерите се брза храна, па може да се јадат со раце. Но, ако сте во ресторан, подобро е да користите нож и вилушка. За да избегнете плескавицата да се распадне, ставете чепкалка за заби за парчињата да останат заедно.

11. Ако ве послужат со оброк што не знаете како да го јадете, немојте да се срамите да го прашате келнерот. Готвачот можеби направил необичен оброк што може да ви биде тешко да откриете како се јаде правилно.

12. Ако нарачате пржени јајца во ресторан, тие може да бидат послужени со лажица. Не е многу елегантно да натопите леб во жолчката, па затоа треба да ја јадете со лажица, а остатокот да го јадете со виљушка.

13. Подобро е да не ги прекрстувате нозете, туку колената да ви бидат близу едно до друго што ќе ви олесни да седите со исправен грб.

14. Ако планирате деловен појадок, а партнерот вели да пиете чај, тоа значи дека разговорот ќе биде помалку формален. Ако инсистира да пиете кафе, тоа значи дека е подготвен да разговара за посериозни работи.

15. За да се избегне непријатната ситуација со плаќањето на сметката кога сте на љубовен состанок, мажот што ја поканил жената може однапред да побара од келнерот да не ја носи сметката на масата за тој да ја плати подоцна во барот. Ако станува збор за пријателска средба, учтиво е да ја прашате жената дали сака да ја поделите сметката или таа да ја плати сметката следниот пат.

Прочитајте кои се 12-те навики во однесувањето кои се клучни за личност со добри манири.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар