15 драми низ кои секоја жена поминува кога оди на шопинг за време на големите попусти

Без разлика дали купуваат сами, во друштво на најдобрите пријателки или партнерот, сите жени поминуваат низ истите емоции за време на шопингот. Токму затоа сигурни сме дека ќе се пронајдете во оваа забавна листа од подемите и падовите за време на лудите сезонски распродажби.

15 драми низ кои секоја жена поминува кога оди на шопинг за време на големите попусти

1. Многу сум возбудена! Чувствувам дека денес ќе најдам сè што некогаш сум сакала и тоа по намалени цени.

2. ОК, влегувам во првиот бутик. Намалувањето е и до 70%. Јухууу!

3. Ох Боже! Ова е мој ден! Кожната јакна која сакав да ја купам уште од есента конечно е на попуст!

4. Зошто ја немаат јакната во мојот број? Зарем некој носи XXS?

5. Дали онаа плавуша ја зема јакната во мојот број пред мојот нос? Колку е дрска! Јас прва ја видов!

6. Не, нема да си дозволам да се вознемирам. Има уште многу прекрасни работи кои се на намалување. Ќе најдам нешто подобро.

7. А да ја ѕирнам новата колекција?

8. Ништо нема да се случи ако само ги погледнам новите парчиња облека кои не се на намалување.

9. Или пак, ако го пробам овој пролетен џемпер.

10. Ах, прекрасен материјал има, исто како кашмир. Дефинитивно мора да го пробам!

11. Леле зарем е можно да има толку голем ред пред соблекувалната? Човек би помислил дека делат бесплатна облека, а не дека луѓето ја купуваат со свои пари.

По пола час нервозно чекање во ред…

12. Многу ги мразам огледалава во кабината за пресоблекување. И што е со светлото? Стомакот и колковите секогаш ми изгледаат многу поголеми!

13. Ако го носам со другиот градник, никој нема да забележи дека ми е малку тесен. А можеби и ќе се рашири со перење?

14. Не планирав да потрошам толку пари, особено не за само едно парче облека.

15. Не е важно! Овој џемпер ќе ми го промени животот! Можам да го носам и со фармерки и со здолниште и со хеланки. Ќе изгледам фантастично!

 


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар