14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници - Part 2

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

8. Кујна

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Повеќето Бутанци се будисти. Бидејќи оваа религија учи почит за целиот животински свет, вегетаријанството овде е навистина често. Главното и основно јадење е оризот. Бидејќи обичниот ориз не може да расте на оваа надморска височина, луѓето одгледуваат црвен ориз кој е тврд и има чуден вкус. Чајот е еден од главните пијалаци, а најчесто се пие црн и зелен чај со сол, бибер и лажица путер.

9. Предизвикувачки туризам

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Иако денес Бутан е отворен за туристи, кралот не им дава пристап до целата држава. Можете да ја посетите државата само со група други туристи. Сите документи и визи се издаваат од една компанија назначена од државата. За да добиете дозвола, треба однапред да ги платите сите трошоци како лет, хотел, даноци, водичи, виза и осигурување.

Во државата можете да патувате само со водич и никогаш нема да имате можност да шетате сами. Водичите нудат разни забавни програми за туристите, а еден ден чини околу 240 евра.

Има само една авионска компанија што оперира со летови до и надвор од државата, а цените на хотелите се одредени од власта.

10. Традиција за наследство

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Во Бутан жените се ценети и почитувани, а традицијата за наследство го докажува тоа. Целиот имот, како дом, добиток и земја го наследува најстарата ќерка, а не синот.

11. Екологијата е најважното нешто

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Денес целиот свет е преокупиран со ознаката „био“, но во Бутан не се загрижени за овој проблем. Со закон е забрането да се увезуваат или користат какви било хемиски продукти. Па, сите продукти што ги користат жителите потекнуваат од државата и се целосно природни.

12. Свадбени традиции

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

На жителите им е забрането да стапат во брак со странец и кралот прави сè што може за да ја зачува уникатноста и изолацијата од остатокот од светот.

За време на свадбената церемонија, свештениците читаат мантри. Се верува дека овој процес им помага на младоженците да формираат силна ментална врска. Дури откако ќе се завршат сите неопходни ритуали, парот станува семејство. По правило, мажот доаѓа во домот на жената, а кога ќе заработи доволно пари, можат да се преселат во друга куќа.

13. Патишта

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Во главниот град на Бутан, воопшто нема семафори, а ова не им претставува проблем на жителите. Сите знаци на патиштата се рачно нацртани.

14. Украсени домови

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Бутанците навистина сакаат да ги декорираат нивните куќи. Тие цртаат птици, животни и разни дезени на ѕидовите кои навистина изгледаат неверојатно.

Традиционалната куќа е мала градба со 3 ката. Приземјето е простор за чување животни, местото за живеење е на вториот кат, а на третиот се чува сено.

И покрај сите забрани и строги правила, Бутанците се навистина среќни и пријателски настроени. Исто така, туристите стануваат сè позаинтересирани за оваа изолирана држава. Дали и вие би сакале да ја посетите?

Прочитајте ги и овие факти за Индија кои ќе ве натераат веднаш да ја посетите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар