14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Оваа мистериозна и пејзажна држава, лоцирана помеѓу Индија и Кина, беше затворена за туристи сè до 1974-та година. Иако денес границите се отворени, кралот се обидува да го ограничи бројот на туристи на многу разни начини. Бидејќи е познато дека тамошните луѓе се навистина среќни, погледнете кои се нивните традиции и забрани што придонесуваат за ова.

1. Телевизија и Интернет

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Во Бутан, Интернетот и телевизијата беа забранети до 1999-та година. Бидејќи е невозможно да се изолира целата држава од технолошкиот напредок, кралот решил да ја тргне забраната. Поради ова, Бутан е последната држава што почна да употребува телевизија.

2. Министерство за среќа

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Со цел да се погрижи за внатрешниот мир на луѓето, во 2008-ма година бил формиран Националниот комитет за среќа. Населението може да изјави дали е задоволно од животот или не. Покрај тоа, постои и Министерство за среќа, а истовремено се мери и бруто националната среќа. Квалитетот на животот е одреден со рамнотежата помеѓу финансиите и менталните вредности.

3. Нема бездомници

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Во Бутан нема личност што живее на улиците. Доколку некој го изгуби домот може да отиде кај кралот, кој пак ќе му даде парче земја каде што ќе може да изгради куќа и да одгледува зеленчук.

4. Бесплатно здравство

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Секој жител на Бутан има право на бесплатно здравство. Овде се применува и традиционална и класична медицина, и секој сам одредува како ќе се лекува.

5. Национален кодекс за облекување

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Жителите на Бутан носат традиционална облека. Мажите носат тешки туники до колена, а жените носат доли фустани. Статусот и социјалното ниво на личноста се идентификуваат со бојата на шалот што го носат преку левото рамо. Обичните луѓе носат бели шалови, а благородниците и свештениците жолти.

6. Забрана за пушење

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Кралот на Бутан донел закон со кој се забранува одгледувањето, берењето и продавањето тутун. Овде е невозможно да купите тутун. Доколку туристите сакаат да носат цигари со нив, треба да ја соберат потребната документација и да платат голема казна.

7. Грижа за животните и природата

14 факти за Бутан, државата со бесплатно здравство и без бездомници

Државата е навистина загрижена за екологијата и природата, а жителите обрнуваат посебно внимание на садењето дрва. Во 2015-та година, Бутан постави светски рекорд кога луѓето засадија 50.000 дрва за само еден час.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар