14 археолошки откритија кои ги збунуваат и модерните научници

14 археолошки откритија кои ги збунуваат и модерните научници

Археологијата е навистина важна наука која ни помага да откриеме што се случувало во минатото. Но што ако минатото не е онакво какво што мислиме? Често се случува археолозите да откријат нешто што не припаѓа во тој период. Многу од овие откритија ги збунуваат и модерните научници. Погледнете некои од најпознатите вакви археолошки откритија.

1. Централно греење во Минојската палата, 2700 – 1400 година п.н.е.

(1)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

Во урнатините на палата во Кносос било направено навистина неочекувано откритие. Древните Минојци ја загревале палатата користејќи посебни цилиндрични конструкции со полукружни покриви. Овие конструкции биле сместени под подот, се загревале со оган и така ја грееле целата палата.

2. Автомати, 100 година п.н.е.

Модерните автомати имаат предци кои продавале света вода во древните храмови. Овие автомати биле измислени од Херон од Александрија. Во автоматот се ставала монета која помрднувала рачка и отворала една цевка. Низ цевката протекувала светата вода. За жал, оваа брилијантна идеја била заборавена, па автоматите се одново измислени на крајот на 19-тиот век.

3. Вампирот од Венеција, артефакт од 16-тиот век

(3)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

Во 2006 година во близина на Венеција бил пронајден навистина необичен артефакт. За време на ископувањето на гробишта, бил пронајден череп со камен во устата. Според пишаните извори, на овој начин ги закопувале вампирите. Наводно, каменот ги правел безопасни. Истражувањата покажале дека черепот ѝ припаѓал на 60, 70-годишна жена. Немало ништо значајно за неа, освен нејзината возраст. Па зошто луѓето мислеле дека е вампир? Одговор за ова нема.

4. Древна населба на Викинзите во Северна Америка, крајот на 11-тиот век

(4)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

Ланси Медоуз е древна викиншка населба направена 500 години пред Колумбо да ја открие Северна Америка. Од 1961 до 1968 година биле направени неколку археолошки ископувања и се открило дека ова место има норвешко потекло. Ова откритие ги натерало научниците да се запрашаат за познатата географска хипотеза. Сè уште нема одговор за тоа што правеле Викинзите во Северна Америка и како стигнале до таму.

5. Автоматски врати во древна Грција, 1-ви век

Генијалецот Херон од Александрија исто така ги измислил и автоматски врати. Навистина е тешко да се замисли колку вчудовидени биле луѓето кога виделе такво нешто во нивните храмови. Механизмот работел на пареа и се наоѓал во олтарот.

6. Контроверзниот мурал од 1937 година

(6)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

„Господин Пинчон и намирувањето на Спрингфилд“ (Mr. Pynchon and the Settling of Springfield) е дело на уметникот Умберто Романо. Она што е чудно за муралот е тоа што прикажува нешто што наликува на смартфон. Ако внимателно го погледнете Индијанецот на десната страна, ќе забележите дека навистина изгледа како да држи смартфон. За жал, никој не знае за што станува збор.

7. Првиот вертикален туш во древна Грција, почетокот на 2-ри век п.н.е.

(7)14-arheoloshki-otkritija-koi-gi-zbunuvaat-i-modernite-nauchnici-kafepauza.mk

Првите тушеви се пронајдени на археолошкото наоѓалиште Пергам. Овој град бил грчки, но денес се наоѓа во Турција. Конструкцијата била навистина комплексна и имала 7 нивоа.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар