13-ти февруари: Прославете го Денот на пријателките!

Сигурни сме дека сите сте добро запознаени со Денот на вљубените (Valentine’s Day) што се прославува на 14-ти февруари, но дали некогаш сте чуле за Денот на пријателките (Galentine’s Day), што сè поголем број дами го слават на 13-ти февруари?

13-ti-fevruari-proslavete-go-denot-na-prijatelkite-www.kafepauza.mk

Денот на пријателките настанал во популарната ТВ серија Паркови и рекреација (Parks and Recreation), кога главната јунакиња Лесли Ноп го измислила овој празник како изговор да ужива со своите најдобри пријателки. Оваа идеја толку многу им се допаднала на девојките ширум светот што тие сè повеќе ги слават женските пријателства токму на овој ден. Датумот е одбран поради тоа што е пред Денот на вљубените, давајќи му до знаење на целиот свет дека нема ништо посилно од женско пријателство.

Се прашувате како се слави овој празник? Не грижете сè, не е ништо комплицирано. Сè што треба да направите е да ги соберете вашите најблиски пријателки и да поминете една вечер со смеење, јадење, пиење, танцување и гледање филмови или серии.

„Ова е најдобриот ден во годината. Секој 13-ти февруари, моите прекрасни дами и јас ги оставаме посилните половини дома и ги славиме жените и нашите силни пријателства“, објаснува Лесли во серијата.

13-ti-fevruari-proslavete-go-denot-na-prijatelkite-www.kafepauza.mk

Зарем треба да се каже нешто повеќе? Ако одлучите и вие да го прославите овој ден вечерва, тогаш погледнете ги следниве неколку идеи што со сигурност ќе ви се допаднат!

Јадете благо… и сè останато што мислите дека дебелее

Денес е дозволено сè! Без разлика дали станува збор за порција помфрит со илјада сосови или многу благи десерти, вие и вашите пријателки можете бескрајно да уживате во вкусот без да се грижите за својата тежина (барем денес не мислете на неа!). Ова е само еден ден во годината, па гарантирано нема да се здебелите.

Подгответе мали подароци

Договорете се со пријателките каде ќе се соберете, а потоа фрлете се на работа. Сè што е направено со вашите раце е прифатливо како подарок за Денот на пријателките. Можете да пронајдете некој „направи сам“ проект, да нацртате или да напишете нешто… изборот зависи само од вас.

Време за забава

Особено ако одамна не сте излегле да се забавувате, оваа вечер може да биде одлична шанса да се изнаиграте како никој да не ве гледа. Не мора дури ни да излезете од удобноста на вашиот дом – сè што треба да направите е да ги наредите вашите омилени песни за танцување во плејлиста и да ги пуштите на најгласно.

Филмски или ТВ маратон

Филмови, серии, пуканки, чаша вино… зарем треба да се каже нешто повеќе?

Прочитајте ги и овие 12 знаци дека имате вистинска најдобра пријателка!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар