12 реченици што ги кажуваат нарцисоидните луѓе и нивното значење

12 реченици што ги кажуваат нарцисоидните луѓе и нивното значење

Секој што некогаш бил во врска со нарцис или со манипулативен и токсичен човек знае дека тие го користат јазикот поинаку. Фразите што повеќето луѓе ги користат во секојдневните разговори имаат поинакво значење ако се кажани од нарцисоидна личност. Кога се занимавате со личност со недостаток на емпатија и со садистичка потреба да ги омаловажува другите, разговорите стануваат минско поле, а тие ќе ве малтретираат психички и ќе се обидат да ве пренасочат. Всушност, за декодирање на јазикот на нарцисоидните луѓе, треба да внимавате на нивните постапки повеќе отколку на нивните зборови. Прочитајте кои се 12-те вообичаени фрази што ги користат нарцисите и што значат тие:


12 реченици што ги кажуваат нарцисоидните луѓе и нивното значење

1. Те сакам

Во превод: Сакам да те поседувам. Сакам да те контролирам. Сакам да те користам. Се чувствувам убаво кога те опсипувам со љубов, кога ти зборувам слатко, кога те повлекувам кај себе и кога те туркам кога сакам. Кога ти ласкам, можам да имам што сакам. Ми веруваш. Се отвораш толку лесно, дури и откако веќе си бил/а малтретиран/а. Откако ќе станеш зависен/на од мене, ќе го повлечам килимот под твоите нозе само за да видам како паѓаш.

2. Жал ми е што се чувствуваш така

Во превод: Не ми е жал. Ајде да го завршиме овој аргумент за да можам да продолжам со навредливото однесување. Не жалам што го направив тоа, жал ми е што ме открија. Жал ми е што имаш такви емоции. Тие не се валидни за мене затоа што имам право да имам сè што сакам, без оглед на тоа како ти се чувствуваш во врска со тоа.

3. Многу си чувствителен/на

Во превод: Имаш совршено нормална реакција. Поништувањето на твоите емоции е клучно за да се согласуваш со мене. Сè додека не веруваш во себе, ќе ти биде многу потешко да ја сфатиш мојата злоупотреба. Додека се трудиш толку напорно за да ме задоволиш, јас ги користам сите придобивки без никакви последици за моето однесување.

4. Ти си луд/а

Во превод: Јас сум експерт за создавање хаос и за провоцирање. Сакам кога реагираш. На тој начин, можам да покажам со прстот и да кажам дека ти си луд/а. На крајот на краиштата, никој не би те слушал што зборуваш за мене ако сметаат дека си само огорчен/а или нестабилен/а. Заборави на фактот дека јас сум тој што е навистина бесен и ирационален отстранувајќи сè што го загрозува моето чувство на супериорност.

5. Моите бивши се луди

Во превод: Ги полудев бившите. Сè што требаше да направам беше да ги провоцирам сè додека не добијам реакција. Кога го постигнав тоа, ги искористив тие реакции против нив за да им покажам на сите колку се ментално растроени. Наскоро, и ти ќе бидеш „лудиот бивш“.

6. Таа/тој ми е само пријател/ка

Во превод: Јас ја чувам оваа личност како резерва за кога ќе ми стане здодевно. Таа може да те замени ако заминеш. Ако се пожалиш за моето однесување кон таа личност, ќе се погрижам да помислиш дека сакаш да ме контролираш.

7. Многу си љубоморен/на и несигурен/на

Во превод: Боже, овој љубовен триаголник е забавен. Го сакам начинот на кој се натпреварувате за моето внимание. Се чувствувам толку посакувано и моќно кога флертувам со други пред тебе. Особено е забавно кога чувствуваш несигурност откако ќе ти ги посочам недостатоците што не постојат или ќе ти ги отворам раните што веќе ги имаш. Колку повеќе се чувствуваш потценето, толку е помала веројатноста да се обидеш да избегаш од мене. Твоите сомнежи се оправдани. Но, да те потсетам: имам право на сè. Тоа ги вклучува вниманието и романтичните погледи на другите.

8. Имаш проблеми со довербата

Во превод: Јас сум недоверлива личност, која одново и одново го покажува тоа изневерувајќи те. Твојата интуиција е во право, но никогаш нема да го признаам тоа. Најдоброто нешто што веројатно би можел/а да го направиш е да ѝ веруваш на интуицијата и да трчаш во друга насока, но тоа не е забавно за мене.

9. Проблемот не е во тебе

Во превод: Проблемот е во мене. Ако некогаш го свртиш вниманието на твоите сопствени потреби, ќе направам да се чувствуваш виновно и да се срамиш што ги имаш тие потреби бидејќи никогаш нема да можам да ги исполнам. Јас едноставно не можам да го сторам тоа, ниту, пак, сакам бидејќи го одзема фокусот од личноста која е навистина важна – јас.

10. Зошто не можеме да останеме пријатели?

Во превод: Јас навистина не сакам да ги губам членовите од мојот личен харем. Повеќе би сакал да те задржам во случај да треба да те користам во иднина. Плус, собирањето бивши е мое хоби. Интересно е да можам да контактирам со некого секогаш кога ми е особено досадно. Ако останеме пријатели, тоа е одличен начин да се спречи губење вредни извори на снабдување толку лесно.

11. Никој не би ти верувал

Во превод: Јас те изолирав до точката каде што чувствуваш дека немаш поддршка. Го извалкав твоето име пред другите, така што луѓето веќе се сомневаат во лагите што ги кажав за тебе. Некои луѓе можеби не ти веруваат, особено оние кои сè уште мислат дека сум неверојатна личност. Сепак, има луѓе кои можеби ти веруваат и не можам да ризикувам да ме фатат. Да направам да се чувствуваш отуѓено и осамено е најдобриот начин за мене да го заштитам мојот имиџ. Тоа е најдобриот начин да те убедам да молчиш и никогаш да не ја кажуваш вистината за мене.

12. Никогаш нема да најдеш некој како мене

Во превод: Ако никогаш не најдеш друг/а како мене, тоа е добра работа. Постојат емпатични луѓе кои ќе се однесуваат со тебе многу подобро од мене. Но, никогаш не би сакал да ги најдеш или да ја откриеш твојата вистинска вредност. Повеќе би сакал да продолжиш да копнееш по мене.

Прочитајте како размислуваат нарцисите и зошто ги повредуваат луѓето околу себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар