11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странство

На Земјата постојат многу места со навистина чудни закони. На некои места дури и наједноставното свиркање по улица може да ви донесе казна, или пак одредена боја може да ви донесе притвор. Ако планирате патување настрана, добро е да погледнете некои од помалку познатите закони, без разлика колку чудно ви изгледаат.

1. Бурунди: Забрането е утринско џогирање

11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странство

Можеби утринското трчање е одлично за вашата форма, но во оваа африканска држава тоа само ќе направи да ве уапсат. Во Бурунди трчањето е воен акт, па претседателот официјално го забранил утринското трчање со цел да ги спречи конфликтите помеѓу етничките групи.

2. Малезија: Не носете жолто

11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странство

Ако одите во Малезија, оставете ја жолтата облека дома. Малезиската влада донела закон со кој се забранува носењето на оваа боја. Во јужниот дел од државата, жолтата боја е симбол на протест. Секој кој носи жолто може да биде уапсен и притворен.

3. Барбадос: Немојте да се вклопите со опкружувањето

11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странство

За да избегнете конфликт со локалната полиција во Барбадос, немојте да носите облека во војнички стил. Само вистинските воени лица имаат право да носат таква облека. Оваа облека е забранета во Барбадос, Јамајка, Гренада, Доминика и Света Луција. Во забраната спаѓа облека, ранци, паричници и сè што има каки боја.

4. Тајланд: Не возете автомобил без облека

11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странство

Без разлика колку е топло, во Тајланд не можете да возите автомобил само со костим за капење. Мора да имате маица или што и да е што ќе ве покрие. Ова правило важи и за возачите и за патниците. За да избегнете казна, осигурете се дека функционира клима уредот во автомобилот.

5. Италија: Не носете апостолки

11 обични нешта кои можат да ви го уништат одморот во странство

На италијанскиот остров Капри забрането е да се носат апостолки или сандали. Обувките за плажа се илегални бидејќи прават многу врева и им го одвлекуваат вниманието на другите луѓе.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар