11 детски разговори кои ќе ве насмеат до солзи

За разлика од возрасните, децата само што почнуваат да го разбираат светот и работите што се случуваат во него. Затоа нивните размислувања обично одат во многу различна и неочекувана насока. Нивните неверојатни досетки се најчестата причина за смеа кога целото семејство ќе се собере на трпезата. Следуваат неколку незаборавни детски разговори кои ќе ви го разубават денот и ќе ве насмеат до солзи:

11 детски разговори кои ќе ве насмеат до солзи

1. Таткото забележал дека синот заспал на каучот и решил да го крене и да го однесе во кревет. Како што почнал да го крева внимателно, момчето промрморило во сон:

– „Врати ме таму кај што ме најде!“

2. Додека мајката го чекала синот да се облече за да излезат, решила да го забрза процесот:

Ајде, дај ми ја ногата!“

Момчето ја кренало неговата лева нога, но мајката имала поинаква идеја:

Дај ми ја десната!“

Момчето ја кренало неговата десна нога, но мајката повторно се премислила:

– „Не, злато, другата!“

Синчето погледнало наоколу и збунето рекло:

– „Но, нема повеќе нозе!“

3. 3-годишно момче отишло на доктор за проверка на слухот. Докторот прошепотил:

Чоколадо.“

Момчето со шепот одговорило:

Не, благодарам. Алергичен сум.“

4. 3-годишно налутено момче го гледало својот татко додека тој пушел на балконот. Човекот го забележал погледот на детето полн со презир и неодобрување и го прашал:

„Што е проблемот, сине?“

„Тато, пушењето е штетно по здравјето, така?“

„Така е, сине.“

„Но, тато, ти сепак пушиш?“

„Да, сине.“

„Тато, дали тоа значи дека ти си идиот?“

5. Типичен разговор помеѓу еден татко и син:

„Тато, дали ти сè уште растеш? Дали ќе станеш повисок?“

„Не, сине.“

„Тогаш зошто продолжуваш да јадеш?!“

6. Мајка и ќерка си играле животни. Мајката се преправала дека е коза, а нејзината 2-годишна ќерка дека е нејзиното бебе коза. Таткото без да знае за ова влегол во собата и одеднаш го слушнал заповедниот глас на неговата мала принцеза:

Еј, козо! Стави ми сок!“

Можете само да го замислите неговиот израз на лицето!

7. Една мајка излегла на прозорецот и викнала по нејзиниот син кој си играл надвор во градината:

Берни, доаѓај дома веднаш!“

Момчето ја погледнало и одговорило:

„Што е сега? Смрзнувам од студ?“

„Не, умираш од глад!“

8. 6-годишно момче со восхит гледало во средените нокти на неговата учителка:

„Леле, колку долги нокти имате!“

„Да, ти се допаѓаат?“

„Нормално! Сигурно се одлични за качување по дрва!“

9. 5-годишната ќеркичка се вратила дома од градинка лошо расположена. Причината за тоа била што не се покажала добро на првиот час по читање. Со солзи во очите застанала пред огледало и рекла:

„Јас сум толкава глупача!“

Продолжила да се гледа во огледалото замислено. Потоа смирено рекла:

„Ама, убава глупача.“

10. Една жена броела ситни пари во супермаркет. Одеднаш, една од паричките паднала долу. Жената му викнала на синот:

-Злато, ај те молам крени ја!

Пред да може момчето да реагира, некој човек се наведнал, ја кренал паричката и ѝ ја дал на мајката велејќи:

„Секако, не сум јас твоето злато, ама повели.“

Момчето налутено го погледнало и рекло:

„Нормално дека не си! Зошто ја крена тогаш?“

11. Мајка и син се шетале по улица држејќи се за рака, кога една сосетка поминала и забележала:

„Ама големо момче, уште ја држи мама за рака!“

Момчето ја погледнало мајка си и ѝ рекло:

„Мамо, таа е само љубоморна затоа што нејзините деца се пораснати. Немој да се грижиш за тоа што го кажа! Знаеш што? Сега и ќе те бакнам исто така.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар