10 различни типови луѓе кои ќе ги сретнете на секоја домашна слава

10 различни типови луѓе кои ќе ги сретнете на секоја домашна слава

Без разлика дали славите ваша или присуствувате на некој друга домашна слава, некој од следниве 10 типови на луѓе ќе седи баш на вашата маса…

10 различни типови луѓе кои ќе ги сретнете на домашна слава и како да ги препознаете

1. Домаќин во обид

Целиот негов свет се фокусира на преполната трпеза, на која седат поблиски и подалечни роднини. Кружи околу неа, нервозен како невеста пред свекрва. Само уште престилка му фали. Дланките благо му затреперуваат додека му ја сипа петнаесеттата по ред ракија на дедо Златко од Битуше. Сите од дедо Столе, па преку иконата на ѕидот, до неговата сопруга гледаат во него. Ова му е прва домашна слава.

Не смее да ја уништи. По педесетти пат ги прашува гостите што ќе се напијат и наздравува со преплашениот тинејџер, бидејќи нема девојка. Ете, сите се смеат, а сега следува класичната шега – „А мали, да не имаш момче?“ Малиот црвенее, роднините се смеат. Сè оди по планот. Сè ќе биде во најдобар ред. Само уште сопругата да не дознае дека жената на која ѝ налева пијалак е негова љубовница. А, ниту децата да не дознаат дека подигнал кредит за да го плати овој настан и дека нема ништо од нивното зимување организирано од стана на училиштето. Најлошо би било и попот Петар да дознае дека тој не е крстен. Дали можеби некој сака нешто да се напие?

2. Одамна изгубениот роднина

Незаменливиот дел од секоја вистинска домашна слава. Од некоја непозната причина, одамна изгубениот роднина секогаш прво налетува на најмладите членови на семејството и разговара со збунетите деца. Тие три несреќни бакнежи во образ оставаат поголема траума отколку сите злобни симпатии од основно училиште. Но, за загрижениот роднина и неговите домаќини, агонијата само што започнува. Никому не му е јасно зошто тој е тука, вклучувајќи го и тој самиот. Некаде по третата чаша, се случува трансформацијата. Тој станува зборлест.

Со оглед на тоа дека ова суштество е ново колаче, секој негов збор се прифаќа со воодушевување. До овој момент, роднината веќе се засили. Сега следува прашањето на кое секое дете присутно на славата се ужасува: „А сине, дали се сеќаваш на мене?“, а потоа следува одговорот„Па како не би се сеќавал!“ Баш убаво сте разговарале додека тој бил фетус. Но, и таа мака завршува до крајот на вечерта. Одамна изгубениот роднина станува најблискиот член на семејството. Но, тажно е тоа што после испиениот алкохол ниту следната година никој нема да се сеќава на него. Тој не се грижи за ова, ќе замине на друга домашна слава.

3. Позиционер

Бидете подготвени да бидете просветлени. Не е важно во кое годишно време ви се паѓа домашната слава, за позиционерот сè уште траат изборите! Без разлика колку и да се обидувате да го сместите во некое ќоше, тој секогаш ќе се однесува како да седи на чело на трпезата. Но, и на чело на државата. Ќе го препознаете по благо рапавиот глас од извикувањето изјави, што започнуваат со: „Чекај јас да ти кажам“, „А, да те прашам јас нешто“ и онаа озлогласената: „Јас мислам…“. Иако за возврат не добил ниту денар, тој се чувствува дека е негова света должност да промовира. Особено ако никој ништо не споменал. Без разлика дали зборувате за Нова година, издавање на викендичката или за зимски гуми, позиционерот секогаш ќе пронајде начин да го сврти разговорот на политика. Запаметете деца, никогаш не ви е толку лошо како што мислите. Тој да ви каже.

4. Опозиционер

„Морам да го кажам своето мислење. Веднаш!“ Секогаш оди во пакет аранжман со позиционерот. Зачин на секоја квалитетна слава. Апсолутно не е важно која и каква власт е во прашање. Позиционерот секогаш ќе ја фали. Опозиционерот ќе се обиде да го надгласа. Шоуто е гарантирано. Посебна забелешка до домаќините – не се обидувајте да ги натерате позиционерот и опозиционерот да седат што е можно подалеку еден од друг. Само ќе ги поттикнете да се довикуваат. Барем ставете ги на соседни места, па да се степаат како луѓе. И ете ви веселба. Во живо!

5. Миротворец

Чудна генетска мутација која произлегла од очајните обиди на мајката природа да ја врати својата рамнотежа. Оваа личност доаѓа на домашната слава само со една цел: Да изеде сарма, да ги праша децата како им оди на училиште и да ја осигури космичката хармонија. И на најмалиот знак за каков било конфликт миротворецот ќе доживее благ мозочен удар и со полу плачлив глас ќе ги замоли сите присутни да не се караат.

Три пати. Со преплашен поглед и со солзи во очите ќе го гледа позиционерот, па потоа опозиционерот, и молчеливо ќе им покажува накај домаќинот и ќе ги стиска дланките. Кога ова нема да му помогне, тој ќе започне со своето специјално оружје, односно на репертоар ќе стапат лекциите од култура: „Немојте луѓе, не е ред“, од воспитување, „Аман, што ви е, децата ве слушаат“, и конечно, религијата, „Како не ви е срам, под иконата и свеќата се пцуете, па на човекот му е слава“.

Главниот сојузник на миротворецот е нашиот следен гостин, кој можете да го откриете на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар