10 работи кои апсолутно немаат смисла во „50 нијанси сиво“

Автор: Сара Турановиќ

Иако и понатаму ја сакаме книгата (за филмот веќе пишувавме), некои работи навистина се чудни. Направивме листа на работи од популарната „50 нијанси сиво“, кои немаат никаква логика. Ова се најдобрите 10.

10-raboti-koi-apsolutno-nemaat-smisla-vo-50-nijansi-sivo-kafepauza.mk

1. На Анастасија не ѝ се важни парите, но…

… сепак великодушно ги прифати автомобилот, скапиот мобилен и лаптопот од Греј.

2. Таа го достигнува врвот точно кога тој ќе ѝ каже

Како да не!

3. Таа може да го достигне врвот со стимулација на брадавиците

Никој не е толку добар. Никој.

4. Чистачката на Кристијан ја чисти и „црвената соба на болката“

Баш нè интересира колку дополнително му го наплаќа тоа.

5. Кристијан вработува само русокоси

Кога тој би бил бизнисмен во вистинскиот живот, бирото би му било затрупано со тужби за дискриминација.

6. Тие си разменуваат мејлови

Баш нè интересира што мислите за момче кое неодамна сте го запознале и сака да комуницира исклучиво преку имејл.

7. Анастасија е опседната со мебелот

И колку луѓе може да се сместат на него. Секој пат кога го опишува, дава бројка по слободна процена, како без оваа информација читателите да не би можеле да живеат.

8. Греј ја следи Анастасија преку сигнал од нејзиниот мобилен телефон

Што би мислеле за момчето на кое му се јавувате од клубот после неколку пијалаци, и после 15 минути тој е таму без да сте му ја кажале локацијата? Потполно нормално, нели?

9. Мамурлакот на Анастасија го лечи чаша вода

После вечерта помината со шише текила, Анастасија се буди среќна и весела, дури и го јаде целиот појадок и тоа поради една чаша вода што ја испила по наредба на Греј пред да заспие. Нема врска што многу жени би биле среќни само да се разбудат утредента.

10. Тој не сака да се врзува, но…

…ја запознава Ана со неговата мајка, бидејќи тоа го правите со секоја жена со која сакате да имате само сексуални односи, особено во толку рана фаза.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар