10 плажи кои ќе ве воодушеват со својата природна убавина

Кога летото е во полн ек, секогаш е идеално тоа да се помине на локации кои се недопрени од човечката цивилизација. Иако некогаш имаме впечаток дека повеќе не постојат места на планетата Земја кои се имуни на загадувањето, сепак, сѐ уште може да се најдат интересни дестинации кои ќе ве воодушеват со својата природна убавина, прекрасните плажи и чистиот воздух.

1. Баиа де Санчо (Бразил)

Оваа плажа е на архипелагот Фернандо де Нороња, кој е заштитен од УНЕСКО. Исто така, интересно е тоа што тука живеат и најголем број делфини во светот. Со цел да се заштити природната околина на островот, бројот на туристи годишно е ограничен.

2. Поинт Рејес (Калифорнија)

Поинт Рејес е прекрасно крајбрежје во округот Марин, Калифорнија. Со оглед на тоа што превозот тука е забранет, посетителите мора да поминат неколку километри за да стигнат до плажата. Секако, наградата за овој сладок напор е целосното претопување во природата, мирот и спокојството кое го дава Поинт Рејес.

3. Плажа Сендкат (Канада)

Една кратка прошетка низ кедровата шума на островот Ванкувер ќе ве доведе до плажата Сендкат и прекрасниот водопад.

4. Плажа Пинк Сендс (Бахами)

Веројатно ќе посакате да се исклучите од реалноста додека уживате во прекрасната атмосфера на плажата Пинк Сендс. Брановите на Атлантскиот Океан често исфрлаат парчиња корали и фораминофира, молекула на едноклеточни морски органи кои всушност имаат жолтеникаво-црвена школка, нешто што ја објаснува розовата нијанса на плажата. Топлата, кристално чиста вода на плажата е совршена за пливање.

5. Ко Аданг (Тајланд)

Овој остров се наоѓа далеку од најпопуларните плажи во Тајланд. Тој е познат по неговите планини, покриени со тропски шуми и по разновидните морски желки кои живеат тука.

6. Плажа Шел (Австралија)

Плажата Шел, која се протега на повеќе од 60 километри, се наоѓа во регионот Шарк Беј и е целосно покриена со школки. Можеби си помисливте дека го најдовте најдоброто место за собирање сувенири, но тука е забрането да се собираат школки бидејќи плажата е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

7. Кала Макарелета (Шпанија)

Кала Макарелета е бисерот на јужна Менорка. Овде имате чувство како да се наоѓате во сосема поинаков свет – плажа со тиркизна вода, борови дрвја и планини. Ова место е совршено за оние кои бараат спокојство.

8. Плажа Тулум (Мексико)

Плажата Тулум е една од најпопуларните летни дестинации во светот поради нејзината чиста вода и бел песок. Но, руините од времето на Маите се оние кои го прават ова место толку посебно. Ова е совршен спој за оние кои го сакаат летото и кои сакаат да посетуваат историски и културни дестинации.

9. Плажа Папаколеа (Хаваи)

Плажата Папаколеа или т.н. „Плажа со зелен песок“ ја добива својата карактеристична боја од хризолитот, минерал од вулканско потекло, кој исто така се користи и за правење накит. За да се сончате на оваа плажа ви е потребна специјална дозвола. Исто така, забрането е да земете дел од „скапоцениот песок“ како сувенир.

10. Плажа Вакатоби (Бали)

Името Вакатоби е акроним од имињата на четирите главни острови – Ванги Ванги, Каледупа, Томиа и Бинонгко. Разновидниот и шарен морски свет, заедно со кристално чистата вода привлекуваат нуркачи од целиот свет.

Погледнете ги и најубавите плажи на Балканот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар