10 неверојатни теории за перципирање на реалноста кои длабоко ќе ве замислат

Реалноста не секогаш е очигледна и едноставна како што ние ја доживуваме – некои работи ги прифаќаме како вистинити, иако не сме баш сигурни кога станува збор за нивното постоење. Научниците и филозофите вложиле голем труд за да ја променат нашата перцепција преку овие неколку теории. Тие ќе ве замислат и ќе ве натераат да се запрашате: „Што всушност постои?“

0-10-neverojatni-teorii-za-percipiranje-na-realnosta-koi-dlaboko-kje-ve-zamislat-kafepauza.mk

1. Големата глацијација

„Големата глацијација“ е теорија за конечната состојба на универзумот. Според неа, универзумот има ограничено снабдување со енергија, а кога таа енергија конечно ќе се потроши тој ќе се најде во т.н. „смрзната состојба“. Тоа значи дека движењето на честичките постепено ќе се намалува и кога ќе исчезне целата топлинска енергија произведена од нивното движење ќе настане „состојба на апсолутна нула“ – состојба која никој сѐ уште не ја постигнал.

2. Солипсизам

Солипсизмот е филозофска теорија која тврди дека ништо не постои, освен свеста на поединецот. Можеби изгледа лудо затоа што тоа е потполно негирање на сѐ што постои околу нас, но всушност ние и не можеме реално да го потврдиме постоењето на ништо друго освен на нашите мисли и на нашата свесност.

3. Субјективен идеализам

Џорџ Беркли – татко на идеализмот, тврдел дека сѐ постои како идеја во нечија глава, т.е. дека постоиме само ако сме набљудувани. Еден од неговите критичари го удрил со камен со затворени очи и рекол: ’Еве, ја демантирав твојата теорија!’ Критичарот всушност докажал дека кога каменот би постоел само во нечија имагинација, би било невозможно да го удри со затворени очи.

4. Платон и Логос

Платон тврдел дека надвор од нашата реалност која ја перципираме постои свет со „совршен“ облик и дека сѐ што ние гледаме е само имитација на работите онакви какви што навистина се во тој „совршен“ свет. Тој тврдел дека само по пат на филозофија имаме шанси да ги увидиме нештата онакви какви што се и да го откриеме совршениот облик на сето она што го перципираме.

Исто така, Платон тврдел дека сѐ што постои било создадено од една единствена супстанција – т.е. дека дијамантот, златото и изметот на кучето се од иста, основна материја само во друг облик, што всушност, со откривањето на атомот и молекулите се докажало како точно.

5. Презентизам

Времето е нешто што го перципираме и го делиме на минатост, сегашност и идност. Според теоријата на презентизмот, постои само сегашноста, а минатото и иднината се измислени концепти. Со други зборови, сите зборови од оваа статија ќе престанат да постојат откако ќе ги прочитате, сѐ додека не ги прочитате одново.

6. Етернализам

Дијаметрално спротивна теорија на презентизмот е етернализмот – филозофска теорија според која времето е повеќеслојно. Според оваа теорија, целото време постои во исто време, но начинот на мерење го одредува оној кој го набљудува – т.е. она што се гледа зависи од гледиштето. Во превод, диносаурусите, Втората светска војна и Џастин Бибер постојат истовремено, но тоа може да се гледа само од одредено место. Ако вака се гледа реалноста, тогаш иднината е една безнадежна и однапред детерминирана каде што слободната волја е само илузија.

1-10-neverojatni-teorii-za-percipiranje-na-realnosta-koi-dlaboko-kje-ve-zamislat-kafepauza.mk

7. Мозок во тегла

„Мозок во тегла“ е мисловен експеримент во кој се расправа за човековата реалност и како таа исклучиво зависи од човековите субјективни чувства. Што е експериментот? Замислете дека сте само мозок во тегла кој го движат вонземјани и луѓе-научници. Како воопшто би знаеле дали тоа е реално? Ова всушност е модерна интерпретација на проблемот со картезијанскиот зол демон. Овој мисловен експеримент доведува до истиот заклучок како и солипсизмот – не можеме да го потврдиме постоењето на ништо друго освен на нашата свест и нашите мисли.

8. Феноменализам

Сите нѐ интересира што се случува со работите кога не ги набљудуваме. Научниците внимателно го проучувале овој проблем, а некои од нив дошле до единствениот заклучок – тие исчезнуваат. Филозофите на феноменализмот веруваат дека предметите постојат само како феномен на свеста. Значи, вашиот компјутер постои само додека вие сте свесни и верувате во неговото постоење, но кога ќе се свртите и ќе заборавите на него, тој престанува да постои додека вие или некој друг не стапи во интеракција со него. Просто речено, не постои постоење без перцепција.

9. Фиктивен реализам

Ова е најфасцинантната гранка на теоријата за мултиуниверзум. На пример – Супермен или Хари Потер навистина постојат, но во некој од паралелните светови. Оваа гранка тврди дека поради бесконечниот број универзуми, сѐ што гледаме и замислуваме може да постои. Значи, сите наши омилени ликови од серии, филмови и од нашата фантазија можат да бидат дел од некој алтернативен универзум.

10. Теорија за мултиуниверзум

Мултиуниверзумот или паралелните универзуми се во основата на теоријата за постоењето на паралелни светови – тие се многу слични на нашиот, но со мали (а во некои случаи, големи) промени и разлики. Оваа теорија претпоставува дека постојат бесконечен број универзуми и алтернативни реалности.

2-10-neverojatni-teorii-za-percipiranje-na-realnosta-koi-dlaboko-kje-ve-zamislat-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар