10 неверојатни нешта кои вашиот изглед ги кажува за вас

Научниците откриле дека вашиот физички изглед кажува многу работи за вас. Започнувајќи од бојата на косата и вашата облека, па сѐ до начинот на кој одите и се смеете, тој може да открие многу работи за вас и вашиот карактер. Погледнете ги наредниве 10 неверојатни нешта кои можете да ги дознаете за личноста со само еден поглед упатен кон неа…

1. Вашата облека го отсликува вашето расположение

10 неверојатни нешта кои вашиот изглед ги кажува за вас

Науката вели дека постои нешто што може да се нарече „среќна облека“. Научниците спровеле истражување на 100 жени и заклучиле дека депресијата може да се препознае во изборот на облеката. Жените кои биле подепресивни одбирале поширока облека или фармерки за носење. Токму затоа нареден пат кога ќе се чувствувате лошо, дотерајте се. Облеката има моќ да го подобри вашето расположение.

2. Бојата на вашите очи открива дали сте човек од збор

Во едно истражување од Чешка, група испитаници имале задача да разгледуваат фотографии од луѓе со различна боја на очи. Истражувачите откриле дека без разлика на полот, оние кои имаат кафеави очи се перципираат како поверодостојни од оние со светли очи.

3. Вашиот од го открива вашиот сексуален живот

2-10-neverojatni-neshta-koi-vashiot-izgled-gi-kazhuva-za-vas-www.kafepauza.mk_

Белгиски истражувачи успеале да направат разлика помеѓу жените кои редовно доживуваат вагинален оргазам од оние кои не го доживуваат само според начинот на кој тие одат. И што е најинтересно, тоа успеале да го постигнат точност од неверојатни 81%. Според студијата која била објавена во Журналот за сексуална медицина се открило дека жените кои се полни со енергија и кои имаат лесен чекор се сексуално задоволени.

4. Вашите чевли го нагласуваат вашиот карактер

Една студија која била објавена во Журналот за истражување на личноста, открива на кој начин вашите чевли зборуваат за вашиот карактер. Набљудувачите со само една анализа на најносените чевли на 200 луѓе успеале со 90% точност да го погодат полот, годините, социјалниот статус и неколку карактерни црти. Според нив оние кои носат попрактични чевли се луѓе кои лесно се убедуваат, оние кои се поагресивни преферираат чизми до глуждовите, додека пак неудобните чевли биле прв избор на оние со мирен карактер.

5. Бојата на вашата коса може да покаже колку често имате секс

3-10-neverojatni-neshta-koi-vashiot-izgled-gi-kazhuva-za-vas-www.kafepauza.mk_

Една германска студија открила дека црвенокосите имаат повеќе секс со своите партнери отколку останатите. Истражувачите сметаат дека црвената боја привлекува поголемо внимание и истото подолго го задржува и токму тоа може да е причината за зголемената сексуална активност кај црвенокосите.

6. Вашиот кармин може да предвиди колку пари ќе заработувате

Француски социолози следеле околу 450 трансакции и откриле дека келнерките кои носеле црвен кармин добивале 50% повеќе бакшиш од останатите. Слично како и објаснувањето за сексуалниот живот на црвенокосите, истражувачите веруваат дека црвената боја е поврзана со повисоки нивоа на возбудување и здравје.

7. Вашите солзи можат да ја намалат сексуалната возбуденост на вашиот партнер

10 неверојатни нешта кои вашиот изглед ги кажува за вас

Во една неверојатна студија, когнитивниот невронаучник Ноам Собел од Израел открил дека солзите на жените содржат хемикалии слични на феромони кои даваат сигнал дека едноставно не сте расположени за секс. Мажите испитаници можеле преку миризбата на солзите да откријат кои се вистински, а кои не. Тие исто така велеле дека жените со вистинските солзи им изгледале сексуално помалку атрактивни, а истовремено предизвикувале и да се намали нивната сексуална возбуденост, во однос на оние испитаници кои биле покрај жените со лажните солзи.

8. Левата страна на вашето лице покажува повеќе емоции

Една студија која била објавена во „Експериментални истражувања на мозокот“ открила дека оние фотографии кои биле направени од левата страна на лицето биле доживувани како попријатни и од страна на мажите и од страна на жените. Ова можеби е поврзано со десната хемисфера на нашиот мозок, кој ја контролира левата страна и со тоа покажува повеќе емоции.

9. Вашата насмевка го опишува вашиот статус

10 неверојатни нешта кои вашиот изглед ги кажува за вас

Едно истражување кое било спроведено од Универзитетот во Британска Колумбија открило дека жените повеќе ги бираат мажите со подигнати гради, отколку оние со убава насмевка. Постои еволутивна причина за ова, а тоа е дека нашите женски предци сметале дека гордите мажи биле со повисок статус. Од друга страна пак, мажите имаат сосема спротивна реакција. Тие сметаат дека жените кои се смеат се поатрактивни.

10. Неговиот глас укажува на нивото на тестостерон

Една неодамнешна студија открила дека жените повеќе ги помнат мажите со подлабок глас. Истражувачите воопшто не се изненадиле од ова откритие со оглед на тоа што веќе одамна е откриено дека жените со години наназад несвесно избираат мажи со поголемо ниво на тестостерон бидејќи од еволутивна гледна точка покрај нив се чувствуваат позаштитено.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар