10 нешта за кои силните жени никогаш не се извинуваат

Престанете да го водите својот живот според критицизмот на оние околу вас и почнете да уживате целосно во сè што правите, без извинување. Според една студија која била објавена во журналот „Psychological Science“, жените многу често се извинуваат за секојдневни ситуации. Изгледа дека зборот „извини“ добил улога на оправдување за сите потреби, желби или мислења кои ги имаме. Токму затоа можеби е време да се фокусирате на себе и да заборавите на извинувањата за вашиот живот! Погледнете ги следниве 10 нешта за кои секоја силна жена со висока самодоверба никогаш не треба да се извинува…

10 нешта за кои силните жени никогаш не се извинуваат

1. Романтичен статус

Да се биде сингл жена не е криминал, дури и покрај тоа што сите околу вас постојано ве прашуваат кога ќе си најдете партнер. Од друга страна пак, вие можете слободно да се забавувате во отворена врска доколку на тој начин се чувствувате пријатно и исполнето. Без разлика каков е вашиот романтичен статус, вие вредите исто како и секој друг човек на оваа планета.

2. Употреба на вашата матка

Вашата матка е дел од вашето тело и токму затоа вие одлучувате дали ќе имате деца (и колку) или не. Заборавете на сите оние изјави дека одлуката да се нема деца е себична и насочете се кон она кое навистина го сакате. Доколку не сакате да имате деца, тоа е ваш избор. Оние кои ви се најблиски, со тек на време ќе ве сфатат. Родителството е доживотна обврска која треба навистина да ја сакате доколку со цел да ја издржите.

3. Родителски стил

Не постои дефиниција за „добра мајка“. Секоја жена си има свој стил на воспитување со една основна цел – добросостојба на детето. Токму затоа и не треба да им дозволувате на оние кои мислат дека се „подобри“ од вас во оваа работа да ви влијаат бидејќи тие не се во ваша кожа, ниту пак го познаваат вашето дете толку добро како вас. Вие најдобро знаете што треба да направите и доколку секојдневно се трудите, тогаш дефинитивно сте на вистинскиот пат.

4. Сексуален живот

Сè додека вие и вашиот сексуален партнер сте задоволни од она што се случува помеѓу чаршафите, ништо друго не е важно. Истражувањата ни покажуваат дека сексот кој настанува од која било друга причина освен посакување не само што ќе му наштети на вашето расположение, туку може да ѝ наштети и на вашата врска. Без разлика дали имате секс секојдневно, 2 пати неделно или еднаш месечно, овој распоред не го дефинира здравјето или среќата на вашата врска.

5. Ниво на успешност

Работите скоро никогаш не се движат според планот, па токму затоа и големи се шансите дека во моментов не сте онаму каде што пред 5 години сте мислеле дека ќе бидете. Но, тоа не значи дека немате амбиции ниту пак дека сте губитници. Доколку навистина ја сакате вашата кариера и секојдневно уживате во вашата работа, тогаш без сомнение сте на вистинскиот пат. Од друга страна пак, можеби сте премногу амбициозни и работите 24/7? Повторно, доколку уживате во ова темпо, во овој период од вашиот живот, нема потреба ништо да менувате. Вие најдобро го знаете вашето тело, како и колку тоа може да издржи.

6. Методи за убавина (или нивен недостаток)

Потребен ви е цел час за да се подготвите за работа? Или пак, станувате од кревет, го облекувате првото нешто кое ќе ви падне при рака и со брзање излегувате од дома? Без разлика на вашиот стил, сè што е потребно е да се чувствувате удобно во вашата кожа кога ќе излезете од дома со цел да бидете посреќни и позадоволни од вашиот живот. Сите добро знаеме дека самодовербата доаѓа од внатре и дека не постои шминка (или недостаток од неа) со цел да сјаете силно.

7. Модни избори

Голем број истражувања ни покажуваат дека облеката која ја носиме силно влијае врз начинот на кој се чувствуваме за себе. Токму затоа и треба да одберете облека во која се чувствувате убаво, удобно, но и која ве отсликува вас. Овој избор не треба да биде диктиран од општеството, вашата најдобра пријателка, партнерот или пак, вашата мајка.

8. Бикини тело

Без разлика на вашата големина, вие заслужувате да бидете набљудувани без осудување. Токму затоа фокусирајте го вашето бесценето време и енергија на живеење во целост и престанете да се опседнувате со тоа како изгледате голи. Она што е најважно е да се грижите за вашето здравје и да се сакате себеси, а сè останато ќе си дојде на своето место.

9. Возраст

Притисокот да се изгледа „младо“ има неверојатно силно влијание врз жените. Општеството постојано наметнува како треба да се чувствуваме во секоја животна доба, не земајќи го предвид фактот дека секоја жена на оваа планета е различна. Вие не треба да тежнеете да бидете „млади“, туку да инвестирате во вашето здравје. Стареењето е природен процес во животот низ кој сите поминуваат, па токму затоа и не треба да се објаснувате за своите години пред никого. Доколку сте среќни со начинот на кој изгледате и се чувствувате, тогаш тоа е сè што е важно.

10. Распределба на финансиите

Не можете да го започнете денот без специјалното кафе од вашата омилена кафетерија или пак, да ја завршите неделата без маникир? Можеби одите на шопинг кога сте нервозни или пак, секое лето посетувате нова држава? Вие сте возрасна и зрела жена која заработува свои пари и токму затоа имате право да го трошите онака како што вие сакате. Сè додека не запаѓате во долгови, слободно уживајте во она кое макотрпно сте го заработиле. Секој одвреме-навреме заслужува награда за добро завршената работа.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар