10 необични физички карактеристики што се сметаат за привлечни во различни земји ширум светот

10 необични физички карактеристики што се сметаат за привлечни во различни земји ширум светот

Стандардите за убавина се разликуваат во земјите ширум светот. Она што некаде се смета за физички недостаток, на друго место може да се гледа како привлечна физичка карактеристика. Сепак, вистинската убавина лежи во окото на личноста што ја носи. Погледнете ги овие 10 необични физички карактеристики што се сметаат за секси во различни земји низ светот…

1. Криви заби – Јапонија

10 необични физички карактеристики што се сметаат за привлечни во различни земји ширум светот

Во западните земји, правата линија од рамни заби претставува дефиниција за совршена насмевка и ретко кој мисли поинаку. Но, во Јапонија работите се малку поинакви. Врвот на привлечноста се кривите заби или на јапонски „yaeba“. Луѓето кои ја имаат оваа физичка особина се сметаат за послатки.

2. Лузни – Западна Африка, Нова Гвинеја

10 необични физички карактеристики што се сметаат за привлечни во различни земји ширум светот

Жителите на Нова Гвинеја и уште неколку други земји во Африка сѐ уште ги украсуваат телата со шари и разни уметнички лузни. Лузните обично им се нанесуваат на мажите за време на церемониите, додека, пак, овие „тетоважи“ кај жените се сметаат за знак на голема убавина. Секако, во развиениот свет многу малку луѓе би помислиле дека оваа навика е привлечна, напротив се смета за физички недостаток.

3. Лице со срцевидна форма – Јужна Кореја

10 необични физички карактеристики што се сметаат за привлечни во различни земји ширум светот

Во Јужна Кореја, пластичната хирургија не само што редовно се практикува, туку и се смета за сосема нормална. Во големите градови можат да се видат реклами кои ги повикуваат луѓето да легнат „под нож“ за да си го подобрат изгледот. Во оваа земја, доколку имате срцевидно лице, луѓето ќе ве сметаат за убави. Многу Корејци се подготвени да подлегнат на комплицирани операции за да ја добијат оваа физичка карактеристика. Операцијата подразбира кршење коски во вилицата на три дела, отстранување на централниот дел и спојување на другите два за да се направи поистакната брада. Потоа, аглите на новата брада се заоблуваат. Луѓето не можат да јадат тврда храна долго време по ваквата операција.

4. Прекумерна тежина – Мавританија

10 необични физички карактеристики што се сметаат за привлечни во различни земји ширум светот

Жените од Мавританија нема шанси да привлечат машки погледи ако немаат масни наслаги на стомакот. За да бидат сигурни дека девојчињата ќе ги добијат посакуваните димензии, родителите ги испраќаат на специјални „фарми“ каде што можат да јадат до 16.000 калории дневно (препорачливо е да се јадат 1.500 калории). За жал, многу девојчиња страдаат од стомачни заболувања поради оваа традиција.

5. Хируршки фластер на лицето – Иран

10 необични физички карактеристики што се сметаат за привлечни во различни земји ширум светот

Иран е главното седиште на ринопластиката. И покрај високите цени на процедурата, мажите и жените се подготвени да ја платат секоја сума во име на правиот нос, што се смета не само за симбол на убавина туку и на одреден статус во општеството. Но, ова не е најчудното нешто што можете да го видите во Иран. Дури и да немале операција на нос, некои луѓе шетаат во јавност со хируршки фластер на лицето за останатите да помислат дека се оперирале.

Продолжете на следната страница за да дознаете што уште се смета за привлечно во земјите низ светот…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар