10-те најубави славни жени на светот за 2019-та година: Овие актерки владеат на топ листите за убавина - Part 2

10-те најубави славни жени на светот за 2019-та година: Овие актерки владеат на топ листите за убавина

6. Кејт Бекинсејл

Кејт Бекинсејл е англиска актерка, родена на 26 јули 1973 година. Таа се прославила со улогите кои ги остварила во американските филмови „Перл Харбор“ (Pearl Harbor), „Среќна случајност“ (Serendipity) и „Типтоус“ (Tiptoes), а од 2004-та година гради кариера во акциони филмови.

7. Мила Кунис

Оваа американска актерка е родена во Украина на 14 август 1983 година. Кунис се прославила со улогата во филмот „Црн лебед“ (Black Swan) за кој ја добила наградата Марчело Мастројани за најдобра млада актерка, а номинирана била и за наградите САГ и Златен глобус. Глуми и во романтичната комедија „Пријатели со привилегии“ (Fiends with Benefits), „Тед“ (Ted), „Злобната вештерка од Запад“ (Oz the Great and Powerful) и „Опасни мајки“ (Bad Moms).

8. Натали Портман

Натали Портамн е родена на 9 јуни 1981 година и е израелско-американска актерка. Натали е добитничка на Оскар за филмот „Црн лебед“ (Black Swan) и два Златни глобуси за „Црн лебед“ и филмот „Поблиску“ (Closer). Се прославила со улогата на малата Матилда во филмот „Леон: Професионалецот“ (Léon: The Professional) и била најмлад член на жирито на Канскиот фестивал на сите времиња.

9. Кристен Бел

Оваа актерка и пејачка е родена на 18 јули 1980 година. Кристен своето прво деби го направила на Бродвеј, а вниманието на критичарите го освоила со главната улога во ТВ серијата „Вероника Марс“ (Veronica Mars). Светска слава стекнува со филмовите „Опасни мајки“ (Bad Moms) и „Опасните мајки слават Божиќ“ (A Bad Moms Christmas), но планетарно е популарна како глас кој стои зад ликот на принцезата Ана во Дизниевиот филм „Снежното кралство“ (Frozen).

10. Џесика Бил

Родена е на 3 март 1982 година. Џесика на 15 години ја добила нејзината прва голема награда благодарение на улогата во филмот „Јулиевото злато“ (Ulee’s Gold). После неколку филмови, со улогата во ТВ серијата „Грешници“ (The Sinner) освоила номинација за Златен глобус. Џесика ја продуцирала оваа популарна серија што се емитува на Нетфликс.

Погледнете и како изгледаат децата на најубавите жени во модната индустрија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар