10-те најубави славни жени на светот за 2019-та година: Овие актерки владеат на топ листите за убавина

На оваа листа се наоѓаат актерки кои сите сме ги забележале барем еднаш на телевизиските екрани. Повеќето од нив се долги години во светот на актерството, а оправдано е нивното прогласување за најубави славни жени за оваа година. Покрај тоа што се талентирани тие се вистински убавици.

1. Шарлиз Терон

Родена на 7 август 1975 година, американската актерка со јужноафриканско потекло која исто така е и продуцент на филмови, заслужено се наоѓа на оваа листа. Шарлиз е добитничка на Оскар, Златен глобус и Сребрена мечка, а Оскарот го добила за улогата во филмот „Монструм“ (Monster).

2. Скарлет Јохансон

Таа е родена на 22 ноември 1984 година и е американска актерка и пејачка. Скарлет веќе со години е меѓу најдобро платените актерки во светот, а се прославила со филмовите „Девојката со бисерна обетка“ (Girl with a Pearl Earring) и „Изгубени во преводот“ (Lost in Translation), за кои е номинирана за наградата Златен глобус. За улогата во вториот филм таа ја освоила наградата БАФТА за најдобра актерка.

3. Меган Фокс

Меган Фокс, американската актерка и фотомодел, е родена на 6 мај 1986 година. Меган се прославила со филмот „Трансформери“ (Transformers), а потоа заблескува во репризни улоги, помеѓу кои се и филмови за нинџа желките (Teenage Mutant Ninja Turtles). Таа има имиџ на секс симбол на денешницата.

4. Кејт Аптон

Родена е на 10 јуни 1992 година. Насловните на списанијата ја направија Кејт Аптон планетарно позната. Посебно се прославила со позирање за култен магазин, а се појавила и во повеќе холивудски филмови.

5. Блејк Лајвли

Оваа американска актерка и модел е родена на 25 август 1987 година. Блејк се прослави со улогата во серијата „Озборувачка“ (Gossip Girl), но својата армија на обожаватели ја стекна на социјалните мрежи. Мажењето за актерот Рајан Рејнолдс ѝ донесе дополнителна слава, а имиџот на славна домаќинка го гради со тврдењата дека знае да готви извонредно.

Продолжува на втората страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар