10-те најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Листата на посакувани дестинации на секој патник постојано расте. Тешко е да одлучите кои дестинации да ги посетите, па погледнете кои ќе бидат најатрактивни во 2020 година. Поголемиот дел од овие предлози се избор на новинарите, на туристичките агенти, на туристите и на жителите во поголемите градовите.

1. Арктикот

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Неповторлива можност да гледате нарлови и моржови преку мразот, да застанете на Северниот Пол и да се движите по тундрите и глечерите во потрага по ирваси и арктички лисици.

2. Бразил

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Незгодните барања за виза се укинати, а овој потег го направи Бразил попривлечен од кога и да било порано. Таму ве очекуваат дождовна шума, џунгла, плажи, песочни дини, вински региони, богата историја, мешавина на култури, извонредна храна и привлечна архитектура.

3. Бризбејн, Австралија

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Во Бризбејн можете да уживате во новите хотели со пет ѕвездички, како и во крајбрежјето на градот во коешто има многу нови инвестиции.

4. Доломитите и езерото Гарда

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Доломитите ќе го задоволат вашиот апетит за чист воздух, а на брегот на езерото Гарда ќе уживате во прекрасниот поглед на природата.

5. Хидра, Грција

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Овој остров го прикажува автентичното секојдневие на жителите во Грција, а недопрените плажи и патиштата без возила го прават ова место попривлечно од Миконос и од Санторини.

6. Израел

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Патувањето во Израел е редок спој на историјата, на духовноста, на културата, на авантурите и на иновациите. Во оваа земја постојат многу различни пејзажи, топографии, верувања и начини на живот, па поради тоа има и премногу места што може да се истражуваат.

7. Јапонија

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Оваа година во Јапонија се одржуваат Олимписките игри, но вие можете да видите многу повеќе атракции. Посетете го јужниот остров Шикоку, вкусете ги локалните специјалитети и истражете ги изолираните планински долини каде што традициите сè уште се негуваат.

8. Мексико Сити

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Мексико Сити со своите случувања, со неверојатните нови ресторани, со својата уметност и со сè останато, ќе биде центарот на светот во 2020 година.

9. Нов Зеланд

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Во Нов Зеланд ќе ве пречекаат прекрасни пејзажи, чудни авантуристички спортови, чувство на сигурност, но и чувство како да има повеќе овци од луѓе. Сепак, ќе бидете далеку од сите животни драми.

10. Перуанскиот Амазон

10 најубави места што треба да ги посетите во 2020 година

Во овој дел од Перу можете да се поврзете со розовите делфини, со видрите, со малите крокодили, но и да уживате во природата и да ја пробате ја вкусната храна.

Ако сакате да патувате низ Европа, погледнете кои 10 градови имаат најмногу туристички атракции.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар