10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта - Part 2

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

6. Обожавателките на Иан Бреди

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Иан, со помош на неговата девојка Мира Хиндли, злоупотребил и убил 5 деца во 1960-тите. Кога умрел од рак во затвор во 2017-та година, цела група жени почнале да се однесуваат како да ја изгубиле нивната сродна душа.

„Ох Боже, само што слушнав за Иан. Ова е најлошиот ден. Се надевам дека пронашол мир каде и да е. Те сакам Иан, никогаш нема да заборавам дека ми одговори на писмото. Ќе те сакам засекогаш и го имам твоето име на мене до крајот на животот.“

Оваа жена не лажела. Таа ги имала истетовирано имињата Иан, Мира, Џеф (Дамер) и Тед (Банди).

7. Фан клубот на Андерс Бреивик

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Андерс убил 77 луѓе во Норвешка со бомби и автоматска пушка во 2012-та година. Тој добивал барем 800 писма годишно, повеќето од нив од женски обожавателки. За време на судењето една 16-годишна девојка го молела да се венча со неа, додека една жена на вестите изјавила дека била неговата вистинска љубов. Всушност, на Интернет постојат фан клубови кои даваат инструкции за тоа кога е најдобро да му напишете писмо на Андерс, но и водич за како да го направите тоа.

„Дали сте жена или девојка вљубена во Бреивик? Треба да знаете дека ова е сосем природно. Ве охрабрувам да ја покажете вашата љубов кон него.“

8. Донаторите на Џефри Дамер

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Џефри не е само убиец. Тој ги силувал, убивал и сечел телата на 17 момчиња, а често и ги јадел. И сепак поради некоја причина бил многу популарен помеѓу дамите. Во 1993-та година неговите обожавателки му испратиле речиси 12.000 евра за да му помогнат да си купува работи во затворот. Голем дел од тие пари потекнувал од една обожавателка во Лондон. Но таа не била единствената. Многу жени му испраќале по неколку долари за цигари, па дури и книги и весници. Кога една жена ја прашале зошто го прави тоа, таа изјавила:

„Направи ужасни нешта, но длабоко во себе не е злобно дете.“

9. Здружението на Фејсбук на Николас Круз

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Постои група на Фејсбук со 300 членови наречена „Николас Круз – првата жртва“. Ова е група жени кои се вљубени во убиецот и кои споделуваат идеи за тоа како можат да му помогнат. Жените му испраќаат писма во секоја прилика што ќе ја добијат.

„Имам 18 години и сум во средно. Кога ја видов твојата фотографија на телевизија нешто ме привлече кон тебе.“

Оваа девојка дури и му испратила фотографија со нејзиното тело и му го кажала нејзиниот број на градник. И не е единствена. Друга жена му испратила цела колекција фотографии од неа.

10. Копирачот на Кенет Бианчи

10 морничави писма од обожаватели до убијци и чудовишта

Вероника Комптон била толку инспирирана од силувањата и убиствата на Кенет што напишала и драма за тоа. Му ја испратила на убиецот и се надевала дека ќе му го привлече вниманието.

„Се надевам дека го доби моето писмо и дека ќе можеш да одвоиш момент да ја погледнеш мојата драма. Навистина мислам дека ќе ти се допадне заплетот. Сепак, ти беше инспирацијата. Се надевам дека еден ден ќе те инспирирам.“

Посветеноста на оваа девојка е совршен пример за тоа колку опасни можат да бидат овие обожавателки. Во 1980-та година, откако го освоила Кенет со неколку фотографии, таа се обидела да изврши убиство како оние на Кенет за да ги убеди полицајците дека тој е слободен. Комптон прошверцувала сперма од Кенет од затворот и планирала да убие жена и да ја стави спермата во нејзиното тело. Ова било со цел да изгледа како ДНК тестовите да направиле грешка во идентификувањето на убиецот. Но Комптон не била ефективен убиец. Жената успеала да избега, повикала полиција и Комптон завршила зад решетки.

Како Кенет, и таа добивала љубовни писма. Еден маж по име Џејмс почнал да ѝ пишува, па дури и ја оставил жена му со која бил 37 години само за неа.

Прочитајте и за овие застрашувачки сериски убијци за кои веројатно не сте слушнале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар