10 митски суштества кои не знаевте дека навистина постоеле

Во секое семејство има некој кој сака да раскажува приказни. Сигурно многу пати сте помислувале дека тие приказни и митови се луди, но размислете повторно. Постојат неколку стари приказни кои се базирани на факти. Погледнете 10 од нив во продолжение.

1. Моби Дик

(1)10-mitski-sushtestva-koi-ne-znaeve-deka-navistina-postoele-kafepauza.mk

Овој голем бел кит е ѕверот кој го сретнуваме во класичниот роман „Моби Дик“. Но, дали навистина постоел? Се разбира! Во дамнешни времиња постоел огромен кит кој се вика „Моха Дик“ и ги тероризирал морепловците на бреговите на Чиле.

2. Голем волк

(2)10-mitski-sushtestva-koi-ne-znaeve-deka-navistina-postoele-kafepauza.mk

„Игра на тронови“ им ја врати популарноста на овие волци, но приказните за нив се многу постари од оние на Џорџ Мартин. Всушност, овие огромни волци постоеле и познато е мислењето дека биле поголеми и од сибирските тигри.

3. Змејови

(3)10-mitski-sushtestva-koi-ne-znaeve-deka-navistina-postoele-kafepauza.mk

Кога сме кај „Игра на тронови“, змејовите исто така биле вистински. Всушност тие сè уште постојат. Дури можете да посетите остров кој е полн со нив. Секако не станува збор за оние кои летаат и кои фрлаат оган, но тоа не го прави комодо змејот помалку страшен. Сепак, тој не е ништо во споредба со неговиот древен роднина, мегаланија. Овие 8-метарски гуштери имале гриз кој предизвикувал нивната жртва да искрвави до смрт.

4. Кракен

(4)10-mitski-sushtestva-koi-ne-znaeve-deka-navistina-postoele-kafepauza.mk

Веќе 2.000 години, многу приказни за чудовиштен ѕвер со пипала кружат низ светот. Научниците ги поврзуваат овие приказни со џиновската лигња. Бидејќи дури и денес е тешко да се направи фотографија од ова суштество, јасно е зошто е главен лик во многу мистерии.

5. Сирени

(5)10-mitski-sushtestva-koi-ne-znaeve-deka-navistina-postoele-kafepauza.mk

Во древната митологија, сирените биле убави жени кои ги мамеле морепловците кон нивната смрт со неодоливи песни. Додека такви сирени не постојат, антрополозите веруваат дека тие приказни биле инспирирани од морските крави. Тие живеат близу бреговите и биле причина за многу бродоломи во минатото. Па од таму, митот се родил.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар