10 криптовалути кои се алтернативни на биткоинот - Part 2

10 криптовалути кои се алтернативни на биткоинот

6. Стелар (Stellar)

(6)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

Стелар е создадена во 2014 година како отворена мрежа која дозволува исплата помеѓу финансиски институции. Со оваа мрежа можете да испратите пари во американски долари во Австралија, а вашиот пријател да ги добие како австралиски долари. Стелар си има своја криптовалута наречена лумен. Лумен се користи за плаќање надоместок со цел да се направи трансфер на други валути.

7. Лајткоин (Litecoin)

(7)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

Лајткоин се наоѓа на пазарот од октомври 2011-та година, 2 години по појавата на биткоинот. Овие криптовалути се многу слични, но имаат некои клучни разлики. Најголемото количество лајткоини кои можат да се соберат е 84 милиони, многу повеќе од биткоинот. Исто така трансакцијата со лајткоин е побрза. Лајткоин е компатибилна со интерфејсот на биткоинот, а ова значи дека лесно можете да интегрирате лајткоини во апликации кои веќе прифаќаат биткоини.

8. Рипл (Ripple)

(8)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

Рипл е криптовалута чиј фокус е брзиот и безбеден трансфер на пари на глобално ниво. Нивната платформа, РиплНет има цел да им понуди на корисниците брзи и сигурни трансакции кои може да се следат во реално време. Криптовалутата на рипл може да „издржи“ 1.500 трансакции во секунда и може да издржи исто сообраќај колку и Виза. Плаќањето трае само 4 секунди.

9. Голем (Golem)

(9)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

Голем е отворена децентрализирана мрежа на споделена компјутерска моќ. Секој може да направи пари со тоа што ја „изнајмува“ моќта на неговиот компјутер. Ова им овозможува на корисниците да го користат голем како суперкомпјутер кој може да ја отвори речиси секоја програма. Голем може да заврши некоја задача за која се потребни неколку денови во неколку часа. Веројатно едно од полињата кои имаат најголема предност од оваа технологија се научните истражувања. Голем може да помогне во многу полиња, од ДНК анализа до барање вонземјани. Моментално голем е во почетната фаза на развој. Со текот на времето мрежата ќе го достигне својот вистински потенцијал и можно е да направи револуција во ерата на компјутерите.

10. Доџкоин (Dogecoin)

(10)10-kriptovaluti-alternativni-na-bitkoinot-kafepauza.mk

Оваа криптовалута е шега од корисниците на Редит. Моментално се користи само како онлајн бакшиш. Ако ви се допадне некој коментар на Редит, на авторот можете да му испратите доџкоин како знак на почит.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар