13 застрашувачки работи што треба да ги знаете за парализата при спиењето

13 застрашувачки работи што треба да ги знаете за парализата при спиењето

Парализата за време на спиењето е многу почеста појава одошто мислите. Станува збор за нарушување на спиењето што може да биде многу страшно. Парализата при спиењето е привремена неспособност да се движите и зборувате додека заспивате или за време на будењето. Иако овие епизоди траат само неколку секунди или минути, можат да бидат многу застрашувачки. Прочитајте ги работите што треба да ги знаете за парализата при спиењето…

13 застрашувачки работи што треба да ги знаете за парализата при спиењето

1. Ова не е болест

Парализата за време на спиењето не е болест со која можете да се заразите. Станува збор за природна појава што може секому да се случи. Многу од луѓето што ја доживеале оваа парализа не се ни свесни за тоа. Постојат многу фактори од кои зависи дали парализата при спиењето ќе биде умерена или интензивна.

2. Може да предизвика халуцинации

Кога доживувате парализа за време на спиењето, вашиот ум може да предизвика халуцинации. Ова ги прави нештата уште пострашни, бидејќи нешто се случува околу вас, а вие ние можете да се придвижите.

3. Парализата при спиењето се случува кога телото се мачи да премине од или во РЕМ фазата од спиењето

РЕМ фазата или фазата на спиење со брзо движење на очните булбуси е состојба во која нашето тело преминува кога заспиваме и од која излегува кога се будиме. Ако на вашето тело му е тешко да го направи тоа, може да доживеете парализа при спиењето.

4. Не постои вистинска опасност од оваа појава

Иако искуството е страшно, не се наоѓате во вистинска опасност. Оваа парализа не може да му наштети на вашето тело на ниту еден можен начин. Треба да се сетите на ова нареден пат кога ќе доживеете парализа при спиењето.

5. Некои луѓе чувствуваат нечие присуство

Ова обично се случува кога не можете да се движите и зборувате, но чувствувате дека има некој или нешто во собата. Чувствувате дека има нешто што е многу блиску до вас, но не можете да го видите целосно. Може да почувствувате дека сте опкружени од некаква темнина, а може и да си помислите дека нешто сака ве повреди и да ве земе.

6. Луѓето се будни за време на парализата при спиењето

Иако многу луѓе мислат дека ова се случува додека спијат, сепак, парализата при спиењето се случува додека тие се будни. Тие не сонуваат повеќе и се движат кон свесноста. Единствената разлика е тоа што не можат да го придвижат телото.

13 застрашувачки работи што треба да ги знаете за парализата при спиењето

7. Луѓето навистина не можат да се движат

Луѓето кои доживуваат парализа за време на спиењето навистина не можат да се движат. Ова можеби ви звучи чудно и нереално, но многумина навистина имале такво искуство. За време на оваа појава, повеќето луѓе најпрво забележуваат дека не можат да се движат.

8. Некои луѓе чувствуваат притисок на градите

Чувството на физичка тежина што ги притиска градите е речиси неподносливо. Некои луѓе го доживуваат ова секогаш кога ќе се разбудат. Им се чини како некој да ставил камен на нивните гради и полека ги притиска. Чувствуваат гушење однатре.

9. Повеќето вакви напади се случуваат додека луѓето лежат на грб

Луѓето кои доживуваат ваква парализа најчесто спијат на грб. Некои истражувања покажале дека обично не заспиваме во оваа положба, но честопати се превртуваме додека спиеме. Се будите, не можете да се придвижите и гледате во таванот. Можете ли да си замислите какво е чувството?

10. Парализата при спиењето најчесто се случува за време на адолесценцијата

Ова може да му се случи секому, без разлика дали сте млади или стари. Многу е важно да бидете свесни за оваа појава уште пред да ја доживеете.

11. Парализата при спиењето може да се спречи во некои случаи

Некои луѓе не можат да ја спречат оваа појава, но некои можат. Ако забележите дека нешто конкретно ви предизвикува парализа при спиењето, многу е важно да се ослободите од коренот на проблемот. Но, ова е полесно да се каже отколку да се направи.

12. Стресот, недостатокот на сон и паничните напади можат да предизвикаат парализа при спиењето

Мора да се грижите за себе. Спијте доволно и одбегнувајте ги стресните ситуации колку што можете повеќе.

13. Луѓето со векови доживувале парализа при спиењето

Овој проблем постои многу подолго одошто можете да си замислите. Ако забележите дека многу често ви се случува ова, одете на доктор и дознајте што можете да преземете. Постојат начини на коишто можете да го решите проблемите.

Прочитајте ги и следниве морничави нарушувања на спиењето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар