Закон на одвојување: Желбите се остваруваат кога не сте врзани за резултатот!

Според законот на одвојување, ќе можете да добиете сѐ што посакувате доколку ги раскинете вашите врски со целта. Тоа не значи дека треба да се откажете од вашите намери и желби. Тоа значи дека треба да се откажете од вашето врзување со целта. Тогаш кога насочената намера ќе ја споите со концептот на одвојување, ќе го добиете она што го посакувате.

Закон на одвојување: Желбите се остваруваат кога не сте врзани за резултатот!

Одвојувањето произлегува од вашата внатрешна мудрост и потполното верување дека сте само дел од начинот на кој се манифестира повисоката интелигенција. Кога работите не одат во ваша полза, едноставно откажете се од вашите идеи за тоа какви би требало да бидат околностите и станете свесни дека понекогаш човечките знаења се ограничени и не можат да ги забележат синхроницитетите и хармоничните шеми на универзумот.

Доколку се врзувате за вашите цели, тоа значи дека се сомневате во интелигенцијата на универзумот и неговите бесконечни организациски моќи. Приврзувањето потекнува од егото и се заснова на страв и несигурност, а тоа доведува до незнаење.

Оние коишто бараат сигурност, го поминуваат целиот нивен живот во безуспешна потрага, бидејќи сигурноста не може да дојде од материјалните работи. Луѓето најчесто си го велат следново: „Кога ќе имам милиони, ќе бидам финансиски независен и дури тогаш ќе бидам сигурен.“ Но, тоа никогаш не се случува.

Врзувањето за сигурноста и парите само создава дополнителна несигурност. Потрагата по сигурноста е исто што и врзувањето за познатото, а „познатото“ е затвор составен од нашите минати услови. Слободата од минатото лежи во самите темели на мудроста на несигурноста.

Без несигурноста, животот е само едно обично повторување на старите и потрошени сеќавања. Тука нема напредок, а без напредок, останува само стагнацијата и постепеното пропаѓање.

Во древните традиции, решението на оваа дилема лежи во нашата подготвеност да се одвоиме од познатото, да зачекориме во непознатото и да ги предадеме нашите желби на креативниот ум. Во непознатото се наоѓаат сите можности за остварување на посакуваните желби.

Полето на непознатото може да се координира на бесконечно многу начини што несомнено ќе доведе до посакуваниот резултат. Но, ако ги заклучите вашите намерни во тврдокорен ментален склоп, ќе ја изгубите флексибилноста и креативноста што природно ги поседувате.

Закон на одвојување: Желбите се остваруваат кога не сте врзани за резултатот!

Треба да станете свесни дека можете да имате сѐ што ќе посакате со најмал вложен труд. Со одвојувањето ќе добиете слобода на создавање. Нема да можете да создавате, ако постојано ги ловите и се врзувате за старите нешта од минатото.

Законот на одвојување нема да го попречи поставувањето на вашите цели. Можете да ги задржите вашите намери и да стигнете од една точка до друга, но треба да сфатите дека помеѓу тие 2 точки има бесконечно многу можности.

Притоа, доколку ја прифатите несигурноста, секогаш ќе можете да ја промените вашата насока ако по патот наидете на некоја повисока цел или смислите нешто уште повозбудливо. Ако чувствувате несигурност, тоа значи дека сте на вистинскиот пат. Тоа значи дека имате плодна почва за развивање чиста креативност и слобода.

Па, како да го примените законот на одвојување? Започнете со тоа што ќе вежбате како да престанете да се мешате во процесот на манифестирање. Тоа значи дека секогаш кога ќе наидете на некаков проблем, ќе мора да верувате во мудроста на несигурноста, додека истовремено ќе набљудувате какво решение ќе излезе.

Ако останете одвоени од проблемите, нема да се чувствувате обврзани да ги наметнувате сопствените решенија. Тоа ќе ви помогне да бидете отворени кон различни опции и можности, кои понекогаш може да бидат необично моќни и возбудливи.

Ваквиот начин на размислување ќе ви овозможи да ги искористите новите околности, без оглед на тоа со какви проблеми сте се соочиле во животот. Секој проблем е семе за нови можности од кои ќе израсне некое поголемо добро.

Ако успеете да ја прифатите оваа перцепција, ќе ви се отвори цела лепеза на можност која ќе ви го исполни животот во возбудливи авантури. Законот на одвојување може да ви донесе неизмерна среќа и радост, бидејќи ќе постигнувате успех на спонтан начин, без да вложувате многу напор.

Дознајте нешто повеќе и за тајниот закон на човечката привлечност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар