10 интересни факти за жените од минатото кои сигурно не сте ги слушнале

10 интересни факти за жените од минатото кои сигурно не сте ги слушнале

Жените имаат долга историја со еманципацијата, а дури и денес во некои држави тие немаат никакви права. Сепак во минатото работите биле поинакви. Жените од древен Рим, Грција, Египет, Индија и Кина имале многу права, ограничувања, хобија и навики за кои воопшто не сме свесни. Погледнете некои од најинтересните факти за жените од минатото кои најверојатно не ги знаете.

1. Девојчињата од Рим имале своја верзија на куклата Барби

Во древен Рим младите девојчиња стапувале во брак уште на 12-годишна возраст. Иако нивното детство не траело долго, тие сепак си играле со играчки. Една ваква играчка е откриена на крајот на 19-тиот век и претставува дрвена кукла. Куклата бил пронајдена во ковчег кој ѝ припаѓал на девојка која живеела во 2-от век во Рим. Со куклата била пронајдена и кутија со облека за неа.

2. Жените од древен Египет имале право да го наследат тронот

(2)10-interesni-fakti-za-zhenite-od-minatoto-koi-sigurno-ne-ste-gi-slushnale-kafepauza.mk

Египет бил многу понапреден од другите древни кралства. Најголем доказ за тоа е фактот дека секое дете на владетелот, без разлика на полот, може да го наследи тронот. Правата на мажите и жените биле речиси исти што било ретко во тој период. Покрај тоа, семејната лоза ја следеле од страната на мајката, а не на таткото. Ова веројатно потекнува од верувањето дека секогаш може да се дознае потеклото ако е позната мајка, бидејќи во тој период било невозможно да се знае кој е татко.

3. Жените од Грција имале право на развод

(3)10-interesni-fakti-za-zhenite-od-minatoto-koi-sigurno-ne-ste-gi-slushnale-kafepauza.mk

Иако жените во древна Грција не ги сметале за граѓани, а нивните права и слобода биле многу ограничени, разводот сепак бил фер. Ако жената сакала да се разведе ѝ бил потребен само маж кој ќе го направи договорот во нејзино име. Но ако мажот сакал развод, сè што требало да направи е да ја исфрли жената од куќата.

4. Египетските жени можеле да имаат високи позиции во религијата

(4)10-interesni-fakti-za-zhenite-od-minatoto-koi-sigurno-ne-ste-gi-slushnale-kafepauza.mk

Никогаш не било нормално жените да бидат вклучени во религискиот живот. Но древен Египет направил исклучок. Жените можеле да имаат ја имаат титулата „Сопруга на богот“ која била поврзувана со разни битија. Најважната позиција била „Сопруга на богот Амон.“ Оваа титула ѝ била доделувана на жена која му помагала на врховниот свештеник со церемониите и се грижела за статуата на богот. Исто така не било вообичаено жените да бидат само домаќинки. Постојат многу артефакти кои укажуваат дека тие биле професионални музичари, танчарки и гости на многу забави.

5. Жените во Рим имале образование

Образованието на жените во Рим било навистина контроверзно прашање. Повеќето девојки ја учеле основата за пишување и читање на училиште. Но некои семејства сакале нивните ќерки да имаат побогато знаење, па најмувале приватни учители за напредна граматика и лекции по грчки. Причината за ова била да ги направат жените писмени и поинтересно друштво за нивните сопрузи. На овој начин го зголемиле и нивното влијание.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар