10 интересни божиќни традиции ширум светот

Од игри, до празнични украси и храна, сигурно ќе сакате да ги испробате овие глобални божиќни традиции од различни земји во светот.

10 интересни божиќни традиции ширум светот

Како што постојат традиционални обичаи кај нас, така тие постојат и ширум светот. Од Кина до Италија, од Франција до Грција, еве ги божиќните обичаи кои сигурно ќе сакате да ги дознаете.

1. Календари со чоколатца во Германија

10 интересни божиќни традиции ширум светот

Во Германија, децата добиваат календари (честопати направени од картон) исполнети со 24 квадратчиња наполнети со чокодатца и украсени со празнични цртежи. Почнувајќи од 1-ви декември, секој ден тие отвораат по едно квадратче од календарот, лапнувајќи по едно чоколатце, сè додека не дојде божиќниот ден.

2. Средете ја куќата како во Јамајка

10 интересни божиќни традиции ширум светот

Заборавете на пролетното чистење, Јамајчаните ги зафаќа празничен дух додека ги чистат своите домови. Многу семејства ги бојадисуваат ѕидовите, ги кастрат грмушките во дворот или закачуваат нови завеси за да го направат својот дом уште поубав за време на празниците.

3. Испратете му писмо на Дедо Мраз како во Франција

10 интересни божиќни традиции ширум светот

Француската влада го сфаќа Божиќ многу сериозно. Од 1962 година, на секое писмо до Дедо Мраз мора да се одговори со разгледница од него, според законот. Дајте им идеја на вашите деца да му напишат писмо на Дедо Мраз и ставете ги во поштенското сандаче; потоа вие рачно напишете одговор во името на Дедо Мраз, а тие ќе бидат пресреќни заради малата божиќна магија.

4. Наградете ги луѓето кои пеат божиќни песни како Грците

10 интересни божиќни традиции ширум светот

Божиќните групи од луѓе одат од куќа до куќа пеејќи и свирејќи (често на мали инструменти како триангл или хармоника), а кога ќе се заврши пеењето домаќините ги наградуваат со празнични слатки.

Сигурно и вие чувате кошница полна со бонбони и овошје на влезот за време на Коледе, затоа што оваа традиција на сличен начин се применува и кај нас.

5. Изедете едно јаболко како во Кина

10 интересни божиќни традиции ширум светот

Една необична традиција се појавила во Кина. Зборот „јаболко“ звучи исто како зборот „мир“ на мандарински, па многу семејства јадат јаболка на Божиќ како симбол на добрата волја и хармонија во наредната година. Изедете едно јаболко како закуска за Божиќ и искажете ги вашите желби за мир.

Прочитајте и за другите божиќни традиции на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар