10 факти кои ќе ви го сменат мислењето за одредени животни

Сите знаеме по нешто за животните, но најчесто тоа се само површни познавања. Затоа сме склони кон создавање на стереотипи за нивниот карактер и можности. Овие 10 факти ќе сменат дел од таквите мислења.

1. Пит булот не е толку лош колку што се мисли

Пит булот има углед на лошо и агресивно куче кое често ги напаѓа луѓето, ги повредува, а во некои поретки случаи може и да убие. Не му помага ниту тоа што е познато дека е создаден преку вкрстување на повеќе раси кучиња со цел да се создаде една суперсилна и воинствена раса која ќе се користи во борбите со кучиња. Сепак, колку и да звучи неверојатно, пит булот не е природно поагресивен од кое било друго куче. Тие често пати се дресирани во насока да бидат борбени, но не се родени такви. Големиот број повреди кои ги предизвикуваат доаѓаат поради тоа што ја имаат најсилната вилица меѓу кучињата. Не е исто дали човек ќе биде каснат од пит бул, од златен ретривер или од пудлица. Пит булот има најголеми шанси да предизвика повреда во вакво друштво, но не поради некаква агресивна природа.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

2. Мравките можат да помогнат во лекувањето на рани

Античките цивилизации кои во нивно време сè уште не знаеле како да ги третираат отворените рани, ги користеле мравките во своја корист. Малите вредни инсекти можат да ја заклучат вилицата исто како пит булот, па таа нивна сила древните лекари ја користеле во времето кога шиењето на отворените рани им било непознато. Тие оставале мравка да се врзе со раната, па и ја кинеле главата која останувала на раната наместо конец. Овој метод се користел пред околу 3000 години.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

4. Комодо змејовите се физички послаби отколку што се мисли

Овие големи застрашувачки суштества, кои изгледаат како времето на диносаурусите да се вратило, даваат впечаток како да се најсилното нешто кое чекори по светот. Иако може да порасне и до три метри во должина, каснувањето на овој ѕвер не е посилно од она на домашните мачки. Се вели дека ако тој се обиде да скрши нешто со својата вилица, попрво ќе си го скрши сопствениот череп обидувајќи се. Но сето ова не значи дека не е опасен по животот. Тој, всушност, има многу силен отров кој го намалува крвниот притисок, ја проретчува крвта и не им дозволува на раните да се засират.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

4. Крокодилот танцува кога сака да ја привлече женката

Крокодилот има заслужен углед на суров убиец од кого нема спас штом еднаш стигне до пленот. Но, кога е „заљубен“, тогаш покажува понежен карактер. За да ја привлече женката кон себе тој изведува еден вид стомачен танц. Стои на едно место во водата, притоа „мешајќи“ со стомакот на нему својствен начин.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

5. На малите лавчиња им е многу тешко да преживеат

Животот на малите лавови започнува со многу љубов од своите родители, но штом наполнат две години се смета дека се доволно зрели да започнат самостоен живот. Всушност, по лавовски стандарди тие сè уште се деца, но во нивниот свет преживуваат само најхрабрите и најсилните и затоа треба да поминат некои тестови. Оставени се сами на себе во џунглата и треба самите да најдат начин да преживеат. Кога ќе дојдат до доволна зрелост за да оформат своја глутница, тие прво треба да се справат со конкуренцијата чија територија ја посакуваат, а притоа треба и да им ги убијат сите малечки. Потоа можат на раат да бидат кралеви во своето кралство.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

6. Мравојадот е крволочен

Мравојадите се мирни суштества, речиси слепи и немаат заби. Се движат тромаво опипувајќи ја околината воглавно со сетилото за мирис. Но, сепак се поопасни од пит булот. Забележани се повеќе случаи во кои тој со своите моќни канџи нанесува тешки повреди на оние кои ќе му се најдат на патот додека лови мравки. Постои дури и еден случај во кој на еден човек во Бразил му ја скинал артеријата во ногата, по што тој искрварил до смрт. Инаку, мравојадот живее само на двата американски континенти.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

7. Комарците се најголемите убијци на светот

Не се само растурачи на убавото расположение во летните попладниња и ноќи, туку убиваат повеќе луѓе од кое било друго животно. Иако луѓето повеќе се плашат од средба со змија, ајкула или волк, сепак комарците се вистинските сериски убијци. Преку пренесување на разни вируси годишно убиваат околу три милиони луѓе, најголем дел од нив во Африка. Со тоа имаат повеќе жртви отколку сите други животински видови заедно.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

8. Биковите се далтонисти

За многумина првата асоцијација за биковите е коридата и бркањето на црвеното платно од страна на разулавеното животно. Тоа е доста чудно, ако се знае дека биковите не можат да ги распознаваат боите. Mythbusters го истражиле тоа и заклучиле дека животното нема поим дека она што му се покажува пред носот има црвена боја. Тој всушност е иритиран од тресењето на платното од страна на тореадорот и затоа напаѓа.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

9. Кенгурите се големи тепачи

Кога жените се во прашање, кенгурот станува многу посесивен и жестоко го брани она што смета дека е негово. Имаат многу силни нозе кои им овозможуваат лесно да потскокнуваат и затоа можат да бидат одлични кикбоксери. Овие мили животни можат да му скршат коска на противникот, па дури и да го убијат. Прво ги користат рацете обидувајќи се да го зграпчат, а кога ќе успеат во тоа напаѓаат со силните нозе. Иако изгледаат слатко, сепак се работи за големи и вешти тепачи.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

10. Кокошките можат да донесат технолошки напредок

Кокошките можат да му бидат многу корисни на светот, но не за да го најадат. Научниците успеале во нивните очи да најдат нешто што е прагот кон нови технолошки откритија. Имено, во мрежницата на окото на секое суштество има конусни клетки кои се распоредени по одреден ред, но кај кокошките тоа не е случај. Нивните конусни клетки се хаотично распоредени, а тоа што тие сепак гледаат добро ги тера научниците да истражуваат како можат да го искористат овој податок. За сега сметаат дека можат да пронајдат технологија за пренос на светлина која ќе има ефикасност како кристал и флексибилност како течност.

10 факти кои ќе ви сменат мислењето за одредени животни

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар