10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Загатките и сложувалките се навистина забавни, а понекогаш и заразни. Логичките парадокси се апсурдни изјави кои имаат, но истовремено и немаат смисла. Доколку сакате малку гимнастика за вашиот мозок, погледнете некои од најпознатите филозофски парадокси.

1. Куп

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Во 4-тиот век п.н.е. живеел Евбулид од Милет, човекот кој се смета за изумител на парадоксите. „Купот“ е можеби еден од првите и најстарите парадокси на Евбулид.

Ако еден човек нема ниту едно влакно на неговата глава, велиме дека е ќелав. Но ако има 10.000 влакна тој не е ќелав. Но што ако ставиме 1 влакно на ќелавиот човек? Сè уште ќе го нарекуваме ќелав? Сега замислете дека еден човек има само 1.000 влакна кои се многу тенки и подеднакво распоредени на главата. Дали ќе го сметаме за ќелав или не?

Дали 1 зрно ќе го сметаме за куп жито? Сигурно не. А што е со 2 зрна? И тие не се куп. Па кога зрната стануваат куп, или кога започнува ќелавоста? Каде завршува едниот, а почнува другиот опис?

2. Парадоксот на лаги

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Првата реченица од овој параграф е лага. Размислете за првата реченица. Дали е вистина? Дали е лага? Дали е вистинска лага? Ова се нарекува парадоксот на лаги и како и првиот, потекнува од периодот на Евбулид. Друга форма на парадоксот е: „Сè што кажувам е лага“. Проблемот со двете изјави е што тие се вистинити, но контрадикторни на себе. Како може една вистинита изјава да биде контрадикторна на себе? Зарем тоа нема да ја направи и лага и вистина во исто време? Ако која било реченица навистина е лага, тогаш изјавата е вистинита и контрадикторна. Уште полошо, ако секоја изјава претходно кажана од зборувачот е лага, тогаш „Сè што кажувам е лага“ е вистина и е реченица контрадикторна на себе. Па што мислите? Дали реченицата е лага?

3. Ограничено и неограничено

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Овој парадокс го смислил човекот по име Зенон од Елеја кој живеел околу 495-430 година п.н.е. Тој сакал да покаже дека идејата за множество нешта (кои постојат едно до друго во времето и просторот) има неколку нелогичности. Од овде произлегува парадоксот на ограничено и неограничено. Дали постои едно нешто или повеќе нешта? Што го одделува едното нешто од другото? Каде е границата? Овој парадокс е познат и како парадоксот на густината. Станува збор за повеќе предмети, но да започнеме со 2. Ако постојат 2 нешта, што ги разделува? Потребно ви е 3-то нешто за да ги раздели. Парадоксот може да се претстави со различен број работи. Па дали има само едно масивно битие наречено универзум кое содржи материја со разна густина која не се разликува (воздух, под, дрво итн.)? Дали целата материја е делива? Или пак ако ја делиме материјата на доволно мали делови ќе стигнеме до нешто толку мало што не може да се подели?

4. Парадоксот на дихотомијата

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

И овој парадокс го смислил Зенон. Парадоксот е за растојание и движење, а Зенон дошол до заклучок дека целото движење е невозможно. И овде станува збор за делење кое е бескрајно. Замислете си дека одите до продавница. За да стигнете до таму треба да поминете половина од патот. Тоа има смисла. Но од таа половина, треба да стигнете до половината на другата половина (3/4 од домот до продавницата). Потоа треба да поминете половина од таа половина… Па ако постојано го делите патот на половини, всушност никогаш нема да ја поминете половината. Како е ова возможно? Знаете дека можете да отидете до продавницата, но кога всушност поминувате половина од патот?

5. Ахил и желката

10 едноставни, но забавни филозофски парадокси

Уште еден парадокс од Зенон. Во оваа загатка Ахил се трка со желката. Сепак тој ѝ дава предност од 100 метри. Штом Ахил ги поминал 100-те метра на желката, таа се помрднала за 10 метри. Но Ахил веднаш ѝ се доближил поминувајќи уште 10 метри. Во тоа време, желката поминала 1 метар. По оваа логика Ахил никогаш не би ја стигнал желката, се согласувате? Секој пат кога се доближува, желката оди малку понапред. Дали ова значи дека движењето е невозможно? Токму ова го тврдел Зенон.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар