10 чудни идеи што им помогнале на луѓето да заработат милиони

Понекогаш е доволно само да размислувате надвор од кутијата и да сакате да преземете ризик за да направите богатство. Никогаш не знаете која идеја ќе ви донесе профит. Доколку не верувате, прочитајте ги приказните за овие луѓе чии луди идеи им помогнале да заработат милиони.

1. Сè што треба да направите е да прашате

10 чудни идеи што им помогнале на луѓето да заработат милиони

Секој може да заглави во долгови, и да не може да му помогне никој. Карин Боснак пронашла смело решение за оваа ситуација. Кога имала долг од речиси 20.000 евра на кредитната картичка и ја загубила работата, решила да ги замоли корисниците на Интернет за помош. Изненадувачки, многу луѓе сакале да ѝ помогнат на оваа жена. За помалку од 6 месеци, Карин не само што си го исплатила долгот, туку станала и милионер. Потоа успеала и да го зголеми богатството – објавувала книги за нејзиното уникатно искуство и направила веб-сајт.

2. Медуза како милениче

10 чудни идеи што им помогнале на луѓето да заработат милиони

Младиот биолог Алекс Ендон се запрашал зошто продавниците за миленици не продаваат и медузи, па решил да го промени тоа. Алекс потрошил 45.000 евра за да направи специјален аквариум со медузи. Во 2010-та година, неколку години откако го започнал проектот, бизнисот почнал да му носи приход од речиси половина милион, а сега заработува и над 1 милион евра годишно.

3. Сајбер империја

10 чудни идеи што им помогнале на луѓето да заработат милиони

Една популарна игра од минатото наречена „Втор живот“ (Second Life) ѝ помогнала на една наставничка, Аилин Граеф, да стане првата личност што заработила милион онлајн. Таа купувала недвижнина од пиксели, ја поправала, па ја изнајмувала. Во 2006-та година го заработила првиот милион, но не запрела овде. Продолжила да купува земјиште и во други онлајн игри и основала и нејзина компанија.

4. Скриншот од Инстаграм

10 чудни идеи што им помогнале на луѓето да заработат милиони

Артистот Ричард Принц сфатил дека во 1980-тите не требало да создадете ништо за да станете познати, да заработите пари и да придонесете во уметноста. Тој користел познати слики, и приватни и од реклами, малку ги менувал и ги изложувал. Потоа ги продавал на аукции за милиони евра. Понекогаш бил и суден, но ги добивал повеќето случаи.

Едно од последните дела на Ричард се скриншот фотографии направени од обични корисници на Инстаграм, коишто успева да ги продаде за илјадници евра.

5. Подни ламби во форма на женска нога

10 чудни идеи што им помогнале на луѓето да заработат милиони

Иако можеби сметате дека необичните ламби не би изненадиле никого, Брајан Џоунс успеал да го направи тоа – почнал да продава ламби кои изгледаат како женска нога. Семејството и пријателите го исмејувале, но тој верувал во неговата идеја и сега од неа заработува речиси 1 милион годишно.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар