Гинисови рекорди поврзани со Нова година

Гинисови рекорди поврзани со Нова година

Погледнете ги Гинисовите достигнувања по повод Новата година и божиќните празници:
.

Најголема колекција на предмети со Дедо Мраз

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаJean-Guy Laquerre од Канада поседува 25.104 најразлични предмети со Дедо Мраз. Предметите се собирани од 1988 година. Неговата колекција вклучува 2.360 фигури, 2.846 честитки од 33 земји, 1.312 салвети и 241 значки и брошеви.
.

Најголемо собирање на Дедо Мразовци

Гинисови рекорди поврзани со Нова година13.000 луѓе се собраа на плоштадот Гилдхол во Северна Ирска на 9 декември 2007 година.
.

Најголемо собирање на новогодишни џуџиња

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаСкоро 800 луѓе се собраа во Бриџенд, Јужен Велс со цел да го постават рекордот за најголемо собирање на новогодишни џуџиња. Претходниот рекорд беше поставен во Њујорк, каде во декември, 2009 година се собраа 607 луѓе.
.

Најголем Дедо Мраз

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаДедо Мраз со димензии 15,6 м височина, 11 м широчина и 4 м длабочина беше поставен на влезот на трговскиот центар Танглин во Сингапур. Дедо Мразот тежел 2,5 тони.
.

Најголема новогодишна елка што плута на вода

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаОваа елка плутала во водите на Рио де Жанеиро во 2007 година, за време на годишната прослава. Била висока 85 метри.
.

Најстара новогодишна елка

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаСекоја година, Џенет Паркер од Чипенхам, Вилдшир, Велика Британија ја украсува нејзината новогодишна елка која ја купила во далечната 1886 година. Елката е со висина од 30 см.
.

Најголема новогодишна чорапа

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаНајголемата новогодишна чорапа е со димензии 32,56 м должина и 14,97 м широчина. Направена е на 14 декември 2007 година од страна на Друштвото на деца во Лондон.
.

Најголема божиќна ѕвезда

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаОваа ѕвезда е со димензии 31,598 м височина и е направена на 31 декември 2009 година од две компании од Индија.
.

Најпродаван музички новогодишен сингл

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаСинглот „White Christmas“ од Бинг Крозби има рекордна продаденост од над 100 милиони низ светот од времето кога е излезен, 1942 година.
.

Новогодишен филм со најголема заработка

Гинисови рекорди поврзани со Нова година„Како Гринч го украде Божик“ (How the Grinch Stole Christmas)  – 2000 година, Америка; главна улога: Џим Кери, буџет: 123 милиони долари; заработка: 340 милиони долари.
.

Најмногу светилки на новогодишна елка

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаОвој подвиг е постигнат од германската телевизија RTL на 22 декември 2006 година, кога 150.000 светилки светеле истовремено на новогодишната елка.
.

Најскапо украсена новогодишна елка

Гинисови рекорди поврзани со Нова годинаНа 7 декември 2002 година е украсена најскапата елка со 83 парчиња накит што вредат 1.357.785.000 јени или 16 милиони долари. Елката е украсена во Tsunamachi Misui Club, Токио, Јапонија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. Ангела Reply

    Јас ке ви ја објавам сликава:

  2. Ангела Reply

    Среќна нова година!!!

Остави коментар