Секси е да се биде паметен: 9 апликации кои ќе го раздрмаат вашиот мозок

Секси е да се биде паметен: 9 апликации кои ќе го раздрмаат вашиот мозок

Тренирањето на мозокот никогаш не било полесно и подостапно одошто е денес. Благодарение на интернетот и постојаните иновации во полето на технологијата кои еволуираат, сѐ ни е достапно на допир. Затоа, фаќајте се за смартфонот и спуштете некоја од овие апликации која ќе ви го истренира мозокот.

1. Lumоsity

Цена: Бесплатна (ограничен пристап), надградување за 12 долари месечно
Достапна на:
iOS и Android

1-seksi-e-da-se-bide-pameten-9-aplikacii-koi-kje-go-razdrmaat-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Ова е популарна апликација која во една сесија дава по три игри од одредена категорија, во зависност од она на што би сакале да работите – меморија, внимание, решавање проблеми, брзина или флексибилност на размислување.

Сите игри се со временско ограничување. Творците на оваа апликација тврдат дека барем една сесија дневно може значајно да ви ги подобри менталните вештини и менталните способности. Исто така, корисниците можат да го следат нивниот напредок и да го споредуваат нивниот перформанс со други корисници.

2. Personal Zen

Цена: Бесплатна
Достапна на: iOS

2-seksi-e-da-se-bide-pameten-9-aplikacii-koi-kje-go-razdrmaat-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Велат дека мирниот мозок е силен мозок. Personal Zen е апликација која ќе ви помогне да постигнете зен состојба без разлика на проблемите со кои се соочувате. Оваа апликација била создадена од страна на истражувачи од Градскиот универзитет во Њујорк и колеџот Хантер.

Нејзините творци велат дека оваа игра го намалува нивото на анксиозност така што го тренира корисникот повеќе да се фокусира на позитивните нешта во животот, а помалку на негативните. Важно да се напомене е дека оваа апликација е одлична за користење пред стресен настан или барем 10 минути дневно за комплетна релаксација.

3. Happify

Цена: Бесплатна
Достапна на: iOS и Андроид

3-seksi-e-da-se-bide-pameten-9-aplikacii-koi-kje-go-razdrmaat-vashiot-mozok-kafepauza.mk

Happify го тренира мозокот да биде среќен така што му помага да се справи со негативните мисли и да ви овозможи посреќен и поисполнет живот. Овде се вклучени квизови, анкети и дневник за благодарност. Уште поважно, апликацијата стана позната по активната и позитивна заедница која ги поддржува меѓусебните цели така што ги учи корисниците на животни лекции кои го променуваат животот за сите да бидат инспирирани и мотивирани да продолжат да се смеат секој ден без разлика на негативните случки околу нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар