Апликација што може да ви украде пари

Штотуку е откриено дека постои вирус што буквално не може да се избрише од телефонот бидејќи повторно се инсталира. Ова е уште една закана за оние што користат андроид телефони.

Апликација што може да ви украде пари

Апликација наречена ai.type, која е инсталирана во повеќе од 40 милиони телефони, купува врвна дигитална содржина без знаење на корисникот. Покрај трошењето пари од сопствениците на овие телефони, апликацијата во позадина објавува и реклами и генерира лажни кликнувања.

Безбедносната компанија „Апстрим“ (Upstream) открива дека апликацијата создала големи проблеми во 13 земји, а моментално најпогодени се Египет и Бразил. Оваа безбедносна платформа досега блокирала 14 милиони сомнителни трансакции што се обидувала да ги изврши апликацијата ai.type.

Овие лажни купувања би ги чинеле сопствениците на андроид телефони над 18 милиони долари потрошени за неовластени купувања.

Апликацијата под името ai.type LTD е развиена од страна на компанија од Израел и се рекламира како бесплатна тастатура за емотикони.

И покрај тоа што е отстранета од Google App Store, таа е сè уште инсталирана во милиони андроид уреди.

Имате телефон со Андроид? Овие апликации треба веднаш да ги избришете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар