10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс

10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс

Помислата за мисијата до Марс со екипаж навистина ја буди имагинацијата. Без разлика дали првото патување ќе биде од SpaceX, НАСА или друга вселенска агенција, најверојатно ќе сведочиме на него во наредните две децении. Сепак, овој подвиг нема гаранција за успех. Астронаутите кои ќе патуваат ќе треба да се соочат со бројни предизвици пред успешно да слетаат на црвената планета.

1. Пари

10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс

Пред астронаутите да ја напуштат орбитата на Земјата, можно е да ги забави недостатокот од финансиски ресурси. Овој проект може да чини од милиони, до неколку милијарди евра, и тоа само за едно патување. Власта троши помалку пари за истражување на вселената за разлика од периодот кога испратија луѓе на месечината. Приватниот сектор може да финансира некои делови од мисијата, но сепак постојат ограничувања. Идеалното решение е комбинација од иновација во приватниот сектор и искуството на власта.

2. Пркосење на гравитацијата

10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс

Без разлика колку искусни ќе станат луѓето за одење во вселената, напуштањето на планетата секогаш е предизвик. Релативно краткото патување од површината на Земјата до орбитата вклучува многу силен притисок. Гравитацијата што ја спречува ракетата да полета е толку силна што мора да патувате 11 километри во секунда за да избегате од неа. Многу лансирања резултирале со експлозии, и тоа и кај државните и кај приватните вселенски агенции. Без разлика колку ќе напредне вселенското патување, напуштање на Земјата секогаш ќе претставува ризик.

3. Смртоносен вселенски отпад

10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс

Вистински успех е лансирањето, но преживувањето во орбитата на Земјата е исто тешка задача. Просторот околу нашата планета е полн со отпад од човечки направени предмети кои се движат со брзина до 28.200 километри на час – 7 пати побрзо од куршум. На ова додајте ја брзината на ракетата, и ситните парчиња отпад стануваат опасни по живот. Вселенскиот отпад е организиран според големината, а бројките се застрашувачки. Има 13.000 парчиња отпад поголеми од топче за тенис, 100.000 парчиња поголеми од монета и милиони парчиња отпад помали од монета. Астронаутите користат комбинација од стратегии за да останат на безбедно.

4. Преголема тежина

10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс

Секое успешно патување до Марс ќе бара транспорт на гориво што чини многу. НАСА веќе успешно испрати беспилотно летало на Марс, но тежината на роботските возила е многу помала од онаа на екипажот и неопходните ресурси за преживување. Патувањето до Марс со екипаж бара намалување на тежината и горивото, но ова создава парадокс. Бидејќи носењето луѓе до Марс значи поголема тежина, ќе биде потребно и повеќе гориво. Ова бара внимателно планирање и пресметување.

5. Здодевност и изолација

10 пречки што треба да ги надминат астронаутите на патот до Марс

Експертите сметаат дека астронаутите ќе се соочат со изолација и здодевност на патот кон Марс, а на ова може да се додаде и осаменоста кога ќе градат дом на нова планета. Патувањето од Земјата до Марс ќе биде долго. Во минатото беспилотните мисии до Марс траеле од 128 до 133 денови. Малиот екипаж заробен во мало летало на долг период е совршен рецепт за здодевност. Покрај тоа, потребите да се намали тежината само уште толку додаваат на овој предизвик. Колку е помал екипажот, толку побрзо ќе се запознаат едни со други и ќе им стане здодевно.

Продолжува на следната страница…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар