8 трикови со кои вашата коса ќе изгледа неверојатно

Речиси секоја девојка се соочува со истиот проблем – дали да се разбуди порано и да ја среди косата, или да ја собере во опавче. Добрите вести се што повеќе не мора да одбирате помеѓу овие опции. Можете да се наспиете, но сепак да имате неверојатна коса.

1. Користете свилени навлаки за перница

8 трикови со кои вашата коса ќе изгледа неверојатно

Ако сакате вашата коса да изгледа неверојатно без многу напор, заменете ги памучните навлаки со свилени или сатенски. Овие материјали ја апсорбираат влагата побавно, а нивната мазна површина го намалува триењето.

2. Направете пунџа

8 трикови со кои вашата коса ќе изгледа неверојатно

За убава и едноставна фризура, соберете ја влажната коса во опавче високо на главата и направете пунџа. Косата ќе се исуши и ќе добиете повеќе волумен. Се препорачува да користите и помазен стегач за коса.

3. Користете шнолки за коса

8 трикови со кои вашата коса ќе изгледа неверојатно

Нема потреба трајно да ја виткате вашата коса. Пред да одите на спиење, поделете ја косата на неколку делови и секој дел завиткајте го околу шнолка за коса. Ќе се разбудите со прекрасни локни.

4. Употребете шал

8 трикови со кои вашата коса ќе изгледа неверојатно

Ако не ја сакате вашата бушава коса, пред спиење навлажнете ја, исчешлајте ја и заврзете ја во сатенски шал. Ова ќе го спречи триењето во текот на спиењето и ќе се разбудите со прекрасна фризура.

Продолжува на следната страница…

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар