И после сè
И после сè, ние сме само силуета, фигура од кал осудена да живее на два света, живееме чекорејќи на сите страни, горди на себе, прикривајќи ги своите мани.
Read MoreЧитај на раат!
И после сè, ние сме само силуета, фигура од кал осудена да живее на два света, живееме чекорејќи на сите страни, горди на себе, прикривајќи ги своите мани.
Read MoreТој: Тука си во некој полусвет, во некој полусон. |
Таа: Ти никогаш ни тоа не си го имал.
Биди сонце на моите очи, топи ми го срцето во студените ноќи.
Биди месечина на моето небо, свети му најсјајно на него.
Зошто е животот толку тежок? Или пак срцето е она што многу сака?
Што ако некоја шанса не успееме да ја фатиме со рака?
Танцувај, како дете, со самодоверба и занес.
Растреси ја косата, кадриците нека раѓаат елан и живост.
Дојди, дојди со мене. Нежно склопи ги очите. Ќе те однесам онаму каде животот е бајка.
Подај рака, допри ме. Чувствуваш? Скокаме по облаците, живееме во висините, во синилата.
Чекајќи те, моето срце вришти од возбуда. Моето срце, малечко, но со многу љубов во него, сака само да допре до твоето. Пеперутки низ стомакот, волшепство, бајка, ноќ, која штотуку започнува. Твојот лик, моја храна…
Read MoreЕј ти, патнику, надалеку што одиш, знам не можеш со себе да ме водиш во заборав, каде го нема тој лик, каде ќе излечам срце за миг, каде таа насмевка нема да ме пече, тој поглед длабок нема да ме сече..
Read MoreЗошто бегаш, зарем не сфаќаш? Гледаш, но не забележуваш. Јас стојам пред тебе, а ти ме бараш.
Ме гледаш и се уште ме бараш, а не веруваш дека постојам.
Сè е празно, собата пуста, креветот сè уште топол,
крвта и ладна и врела, срцето и стои и чука, телото и мртво и живо.
Се плашам да те погледнам и во твоите очи да не се пронајдам.
Да те слушам и да верувам во лагата што не сакам да ја откријам.
Јас не заминав, зашто знам дека ќе се вратиш, зашто одиш бесцелно, бегаш од себе.
Но патот по кој одиш е круг, пак ќе ме сретнеш. Тогаш запри, застани, погледни…