Започнува голем награден конкурс „Еко совест на општеството“

Започнува голем награден конкурс „Еко совест на општеството“

Од 20 јули до 1 септември 2014 ќе се случи голем награден конкурс на темата „Еко совест на општеството“ во кој ќе можат да земат учество сите медиуми (печатени и електронски) т.е. новинари и фоторепортери кои ќе достават оригинално објавен новинарски текст поддржан со фотографии на темата, а ќе има за цел да ја посочат, потенцираат и актуелизираат граѓанската и институционалната несовест и невнимание кон околината. Овој конкурс е во организација на невладината организација „4х4х4 Балкански мостови“ (во рамки на проектот проширување на ENV.net во земјите на Западен Балкан и Турција, поддржан од Европската Унија), а со огромна поддршка од „Пакомак“ – друштво за управување со пакување и отпад од пакување, како и „Нула отпад“ – друштво за управување со батерии и електронски отпад.

zapochnuva-golem-nagraden-konkurs-eko-sovest-na-opshtestvoto-kafepauza.mk

Сите пријавени фото-стории ќе бидат оценувани од страна на стручно жири, составено од претставници на организаторите на конкурсот, претставник на Министерството за животна средина и просторно планирање, по еден претставник на медиум, како и претставник на една невладина организација. Како би се овозможила што поголема објективност во оценувањето секоја приложена фото-репортажа ќе биде анонимна за жирито кое ќе оценува. Главните три награди предвидено е да бидат објавени на 19 септември, денот кога започнува Светската еколошка кампања „Да го исчистиме Светот“, светски ден посветен на помошта и поддршката на разни еколошки општествени акции во справување со се поголемите количини на отпад кои не опкружуваат. Како најавуваат организаторите за првата награда предвидена е парична награда од 25.000 денари, додека 15.000 за втората и 10.000 денари за третата награда, а за медиумот кој ќе биде избран од страна на јавноста врз основа на значителен придонес во информирањето на јавноста за темите од екологијата и човековата околина, „Пакомак“ како и „Нула отпад“ ќе обезбедат сет од опрема за сепарирање на отпадот кој се креира во самата редакција (садови за хартија, пластика, стакло, батерии и слично).

„Целта на нашето учество и поддршка на овој конкурс е да ја подигнеме свеста кај поширокото граѓанство и институциите за важноста сите подеднакво да се грижиме за средината во која живееме. Преку посочување на несовесното однесување на одредени поединци да се укаже на лошите примери и воопшто да се оцрта нивото на еколошката совесност која ja поседува нашето општество. Сметаме дека новинарите и медиумите воопшто се најмоќната алатка преку која ќе можеме да допреме до што поразлични структури на граѓани и вистински да допринесеме да ја подигнеме еколошката совест кај секој од нас“, изјави Филип Ивановски, генерален менаџер на Пакомак.

На 19 септември, денот кога ќе се прогласат победниците планирано е да се реализира изложба на сите пријавени стории и фотографии која понатаму е планирано да посети и уште неколку други градови во земјава.

Сите заинтересирани новинари и фоторепортери кои сакаат да учествуваат на овој конкурс ќе можат да се запознаат со подеталните информации во врска со правилата и механизмот за пријавување на веб-страниците на Пакомак, Нулта отпад и 4х4х4 Балкански мостови.

***

Услови и правила за учество на наградниот конкурс „Еко совест на општеството“
  1. Право на овој конкурс можат да учестваат сите медиуми (печатени и електронски – интернет – веб портали) т.е. новинари и фоторепортери ангажирани во истите;
  2. Фото сторијата (сторијата мора да ја опишува фотографијата) мора да биде објавена во периодот од денот на објава на овој конкурс до 1-ви сптемеври 2014 во еден од печатените или електронски медиуми регистрирани во Република Македонија (сите печатени медиуми како и интернет – веб порталите)
  3. Исечок од фото сторијата (оргинален примерок од печатениот медиум или копија од интернет – веб порталите) како и фотографија со димензии 300mm х 400mm (30cm х 40cm) да се достави на адреса на организаторот на овој конкурс;
  4. На CD диск да се стават (сликата мора да биде во добра резолуција и со минимум 300 dpi) – самата слика, исечок од објавата како и кратка биографија на фото репортерот и новинарот (сите кои учествуваат на овој конкурс )
  5. Сите потребни работи (слика, CD, исечок / копија од објавената фото сторија) треба да пристигнат најдоцна до 01.09.2014 до 16:00 часот (пратките испратени на 01.09.2014 треба да имаат копија од поштенски образец – ПОТВРДА ЗА ПРИЕМ НА ПРАТКА – сите апликации кои ќе пристигант после овој датум нема да бидат разгледувани), да се стават во плик адресиран и пратен на следната адреса:

ЗГ “4х4х4 Балкански мостови“ Скопје
П. Фах 219, / ул. Руди Чајевац 35/3
1000, Скопје, Р. Македонија

За награден конкурс „Еко совест на општеството“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар