Вистини и митови за кафеавиот шеќер

Дали знаете што точно купувате кога пазарите? Дали се интересирате за содржината на секој производ или само махинално го одбирате оној што ви се допаѓа? Брзото темпо на живеење и немањето доволно слободно време за подготвување на оброци честопати ни прави дополнителен притисок и нѐ тера да се замислиме што всушност јадеме. Редовните оброци се исто толку важни како и нивната нутритивна содржина.

Вистини и митови за кафеавиот шеќер

Митови и вистини за здравата храна постојат многу. Една од оние вистини или невистини кои би требало да ги расчистиме е дали е подобро да користиме бел или кафеав шеќер. Или да бидеме попрецизни, ќе го поставиме прашањето малку поинаку: Дали воопшто знаете како се произведува кафеавиот шеќер и дали навистина тој е подобар од белиот?

Одговорот е ДА. Тајната лежи во меласата која всушност прави шеќерот да ја има таа фина светлокафеава нијанса, менувајќи го и вкусот, кој добива ароматична и длабоко богата нота. Но, она што е најважно да го научите и запомните е дека токму оваа меласа е главниот виновник за зголемување на есенцијалните нутритивни вредности бидејќи една супена лажица содржи значително количество калиум, како и калциум, магнезиум и витамин Б. Таа, за разлика од кристалите шеќер побргу се растопува во водата, па затоа доколку земеме лажиче кафеав шеќер, го потопиме во чаша вода и ја промешаме, за кусо време водата ќе се обои, а со тоа ќе ги измие нерафинираните кристали.

Меласата е всушност смеса од здробена шеќерна трска која се додава во вода која се грее до зовривање. Овие две состојки се мешаат додека не се создаде кафен сируп, т.е. меласа. Доколку сакаме да добиеме бел шеќер тој се подложува на повеќекратно центрифугирање со кое се отстранува меласата, која всушност е најквалитетниот дел. Па затоа, колку шеќерот е потемен толку количеството на меласа е поприсутно, а со самото тоа и неговиот квалитет поголем. Секогаш кога имате потреба од засладување наместо бел шеќер употребете кафеав нерафиниран шеќер, но се разбира во умерени количини бидејќи и тој содржи калории.

Совет: Кафеавиот шеќер содржи поголемо количество на вода, поради присуството на меласата, па затоа внимавајте да биде секогаш убаво затворен и складиран по употребата, за да се успори испарувањето на водата и спојување на кристалите. Во тој случај, тој брзо се стврднува во поголеми парчиња и се отежнува неговата употреба.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар