Филозофија за времето – најдрагоцениот ресурс со кој располагаме

Цената му е превисока. Никој никогаш не го видел, ниту ќе го види. Постои отсекогаш и ќе постои засекогаш, а истовремено можеби ниту постоело ниту пак ќе постои.

Филозофија за времето – најдрагоцениот ресурс со кој располагаме

Има огромна моќ, има моќ да манипулира со светот, со луѓето, со сѐ што постои. Манипулира со минатото, сегашноста и со иднината, всушност манипулира само овде и сега, бидејќи сѐ останато според него е илузија. Манипулира само затоа што човекот тоа му го дозволува. Човекот упорно се обидува да го контролира, а тоа за возврат манипулира со нас.

Бидете му пријател, само така ќе ја придобиете неговата моќ. Бидете во чекор со него, бидејќи секогаш е точно и на вистинското место. Од него сѐ започнало, трае и ќе трае она што всушност никогаш не постоело, а сепак секогаш е тука, секогаш со нас, секогаш дел од нас.

Несебично е, не малку, ни дава и премногу, ни дава да сме дел од него. Себични сме ние луѓето, грабајќи го и трчајќи пред него, иако досега никој не успеал да зачекори пред него, како што и никогаш никој не успеал да го купи, а со него купуваме сѐ доколку знаеме да го управуваме, доколку знаеме да му бидеме пријател.

Нè цени и повеќе од потребното, но го цениме ли ние него? Дали го цениме единствениот и најдрагоцен ресурс кој постои на оваа планета?

Залудно е да го контролираме она што веќе одамна нѐ контролира нас.

Таа драгоценост се вика ВРЕМЕ.

Автор: Кристина Николовска Шебаљ

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар