Винчини со Алми со поддршка за нов дом на жирафите во Зоолошката Градина

Винчини со Алми со поддршка за нов дом на жирафите во Зоолошката Градина

Винчини со својот подбренд Алми кој е омилен меѓу најмалите, започна акција за изградба на нов дом за жирафите во Зоолошката Градина во Скопје која е едно од најпопуларните места за разонода на најмалите во градот, особено во пролетниот период.

Винчини со Алми со поддршка за нов дом на жирафите во Зоолошката Градина

„Овој гест е со цел да им се обезбедат подобри услови на животните тука, што ќе резултира со успешно работење на Зоолошката Градина во Скопје уште долги години. Би сакале таа да остане омилено место, каде најмалите и нивните родители доаѓаат да уживаат, да се забавуваат а воедно и да се запознаваат и едуцираат за светот околу нив. Се надеваме дека оваа финансиска поддршка наменета за изградба на нов, подобар дом за жирафите, ќе резултира со долгогодишна, успешна соработка“, велат од Винчини.

Винчини со Алми со поддршка за нов дом на жирафите во Зоолошката Градина

Секој добар гест треба да се прослави! А секоја сабота е ден за забава! Па затоа Винчини ве повикува во Зоолошката Градина со вашите најмали, каде тие ќе можат да се дружат со драгата маскота Алми и животинчињата, да се фотографираат и подароци и награди да збираат! И најважно од сè, да одат на гости во новиот дом на жирафата!

Винчини со Алми со поддршка за нов дом на жирафите во Зоолошката Градина


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар