5-те хороскопски знаци што ги очекува неверојатна љубов овој април

Овој април, љубовниот живот на следниве хороскопски знаци ќе биде сè освен монотон. Од неверојатно брзо вљубување и будење на страстите, па сè до неочекувано запросување, овие хороскопски знаци ќе имаат вистинска љубовна авантура. За да откриете дали сте помеѓу нив, продолжете со читање.

5-те хороскопски знаци што ги очекува неверојатна љубов овој април

1. Лав

Април ќе биде романтичен месец, а некои Лавови ќе имаат бурен сексуален живот. Повеќето Лавови ќе почувствуваат потреба за поголема близина со партнерот и за отворена и подлабока комуникација. Ова е одличен период за Лавовите кои се во долга врска или во брак. Во последните денови од месецот, ќе разговарате за долгорочни планови со партнерот. Доколку пак сега започнете врска, можно е да бидете заведени од личност што само сака да ве искористи, затоа бидете внимателни.

И социјалниот живот ќе ви биде навистина активен, па можете да запознаете пријатели од странство, но и некоја личност којашто ќе ви се допадне. Само немојте да брзате и уживајте во платонската врска. До август 2019-та година, би било добро да размислите како ги искажувате вашите чувства и во која насока сакате да се развива односот. Доколку сакате премногу пребрзо, сега треба да забавите. Размислете за врската и средете ги проблемите и несогласувањата кои се трупаат уште од минатиот ноември. Можеби ќе размислите и за некоја стара љубов, која со текот на времето се претворила во пријателство.

2. Вага

Младата месечина на 5-ти април ќе ве натера да го подобрите односот со саканата личност. Можно е да започнете и нова фаза во заедничкиот живот. Некои Ваги ќе сфатат дека врската или брачниот живот им го попречува напредувањето. Потребно е да работите заедно со партнерот на вашите цели.

Некои Ваги ќе се одлучат за брак и ќе преземат поголема одговорност. Во втората половина од месецот полесно ќе освојувате, заведувате и можеби ќе го привлечете потенцијалниот партнер. Доколку не сте во врска, можно е да запознаете личност од друга држава која навистина ќе ви се допадне. По 20-ти април, очекувајте поголема страст.

3. Стрелец

Без разлика дали сте сами или во брак, пред вас е среќен период за љубов. Ќе бидете навистина жедни за забава, а љубовниот живот ќе се поправи. Ќе ви се врати расположението за флертување и освојување. Љубовните соништа ќе се остварат, како и желбата да бидете во врска со партнер со којшто можете да се поврзете на сите нивоа.

Можно е саканата личност да ве изненади со романтичен гест и да ви обрне повеќе внимание или да сака да формирате семејство. Па, постои можност и за брак. Можеби партнерот сонува за веридба, додека вие не сте подготвени за нешто сериозно и само сакате да се забавувате.

4. Водолија

Овој месец ве очекува спектакуларен љубовен живот. Ќе водите мудри разговори и ќе се однесувате провокативно со потенцијалните партнери. Само немојте да претерувате и избегнувајте ја агресијата за да не создадете непријатности. Најдете подобар начин на комуникација и бидете отворени и прилагодливи. Немојте да го наметнувате само вашето мислење.

Ненадејното познанство и привлечноста што ќе ја почувствувате може да резултира со нова врска во втората половина од месецот. Доколку сте во брак, ќе им се посветите на домот и на семејството. Ќе барате внимание од саканата личност и ќе имате потреба за близина. Доколку досега не сте се сложувале, ситуацијата конечно ќе се подобри.

5. Скорпија

Во првата половина од месецот ќе преовладува романтиката и ќе бидете навистина страсни и желни за авантура. Саканата личност ќе ги добие вашите доверба и внимание, а постарите парови одново ќе се вљубат еден во друг. Ќе сакате да ја издигнете љубовта над физичкото ниво и вашата врска ќе стане подлабока. Многу Скорпии ќе почнат да ја гледаат нивната сексуалност на сосема нов начин.

Можеби сега е време да разговарате за чувствителните теми кои ѝ наштетиле на вашата врска. Можеби сега е време да го кажете она што сте го избегнувале, со цел да ѝ дадете шанса на врската. Доколку сте сами или тајно вљубени во некого, искористете ја поволната положба на планетите до 20-ти април и обидете се да ја освоите саканата личност. По 20-ти април, Скорпиите кои размислуваат за брак ќе разговараат на ова тема, а можно е да дојде и до запросување.

Прочитајте го и вашиот месечен хороскоп за овој април.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар