Ученици во меѓународното училиште „Нова“ објавија книга и станаа публикувани автори

Книгата „Бисерите на Нова“ е на англиски јазик и ќе може да се најде и во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

1-uchenici-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-objavija-kniga-i-stanaa-publikuvani-avtori-kafepauza.mk

Ученици од меѓународното училиште „Нова“ станаа публикувани автори и нивните дела за тинејџерството како и за многу други сериозни глобални прашања, се најдоа во книгата „Бисерите на НОВА“ кој вчера беше промовирана во просториите на оваа образовна институција. Со цел да се поттикне креативното пишување, секоја година во јануари се распишува конкурс за нови творби по што професорите од одделот за англиски јазик и литература ги одбираат најдобрите и работат со децата за да ги доразвијат своите приказни преку создавање на автентични карактери, дијалози, конфликти или описи. Ова е втора година како излегува книгата која е на англиски јазик и ќе може да се најде во „Нова“ како и во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

2-uchenici-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-objavija-kniga-i-stanaa-publikuvani-avtori-kafepauza.mk

„Годинешното издание вклучува девет кратки раскази, три литературни интермеца, презентација на уметничкиот опус на наши ученици и автентична корица на книгата. Учениците длабоко ги разоткрија проблемите и анксиозностите на тинејџерската доба, но и сериозно пристапија кон глобалните теми во кои се втурнаа со воодушевувачка сериозност, креативност и оригиналност. Одејќи од космополитски до секојдневни теми распослани по најразлични сценарија, преку лепеза на карактери кои растат и виреат на патот кон светот на возрасните, понудија прошетка од имагинација, футуризам и реализам“ – објаснуваат од училиштето „Нова“.

Книгата сама се наметнала како проект и се работи за збирка која е инспирирана, реализирана и целосно посветена на учениците.

3-uchenici-vo-megjunarodnoto-uchilishte-nova-objavija-kniga-i-stanaa-publikuvani-avtori-kafepauza.mk

„Мора да напоменеме дека тројца од учениците чии дела се наоѓаат во ова издание на „Бисерите на Нова“ веќе го претворија своите кратки раскази во поглавја на своите идни книги. Среќни сме дека целиот овој проект ги инспирира и поттикнува да работат и да креираат“ – објаснуваат од „Нова“.

По вчерашната промоција, во меѓународното училиште веќе почнува да се работи и на новиот конкурс и на новото издание на книгата која ќе се најде на полиците во 2017 година.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар