Топ 5 причини зошто треба да подарите книга

Се ближи Нова година, а подарувањето е дел од празничниот ритуал на многумина. Во претпразничната еуфорија сите се обидуваат да го најдат совршениот подарок за своите најблиски. Ви даваме еден едноставен, но сепак многу посебен предлог – подарете книга. Еве ги причините.

(0) top-5-prichini-zoshto-treba-da-podarite-kniga-kafepauza.mk

Топ 5 причини зошто да подарите книга на девојка

#5 Девојките не можат да се приврзат за нов џемпер како што можат за нова книга.
#4 Еј, момци, книгата лесно се завиткува!
#3 Ги има во сите големини, форми и бои – нема поубав избор!
#2 Поевтина е од романтично патување, а го дава истиот резултат.
#1 Со книгата подарувате љубов и радост – и создавате вечни спомени.

Топ 5 причини зошто да подарите книга на момче

#5 Книгите лесно се чуваат – на маси, полици, наткасни или бироа.
#4 Книгата не се расипува колку долго и да ја чува, па во неа може бргу да ужива или долго да и се насладува.
#3 Со книгата ќе учи, ќе се надградува и ќе се забавува – а таа и ќе го оттргне од фудбалот.
#2 Книгата е мала инвестиција што носи доживотна дивиденда.
#1 Книгата е совршен подарок за уживање што не бара од него да стане од столот.

(2) top-5-prichini-zoshto-treba-da-podarite-kniga-kafepauza.mk


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.