Систина офталмологија ѝ овозможи бесплатен преглед на босанската фудбалска репрезентација

Во Скопје деновиве по повод квалификациите за Европско првенство во фудбал до 17 години престојува женската репрезентација од Босна. Под водство на селекторот Илија Луциќ и капитенот Амина Шапчанин, овие 18 симпатични девојки за првпат престојуваат во Македонија и нивното присуство го одбележа уште еден несекојдневен настан. Имено, на покана на д-р Билјана Костовска од Систина офталмологија, на целата екипа ѝ беше овозможен преглед со кој им беше констатирана одлична подготвеност за квалификациските натпревари кои ги очекуваат.

sistina-oftalmologija-i-ovozmozhi-besplaten-pregled-na-bosanskata-fudbalska-reprezentacija-kafepauza.mk

„Им благодариме на целиот докторски тим на Сиситна офталмологија за професионалната услуга. Позитивните резултати од испитувањата ни влеаја дополнителна самодоверба за да постигнеме уште подобри резултати на натрпеварите“, изјави 16-годишната Амина Шапчанин, капитен на репрезентацијата.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар