Научниците тврдат дека убодот од овој инсект може да ви го спаси животот

Дали сте знаеле дека каснувањето од еден инсект може да ве спаси од застрашувачка болест? Токму затоа можеби и не би требало да кревате паника следниот пат кога во вашата близина ќе има оса. Според научниците, отровот во одредени видови оси има моќ да ги убие канцерогените клетки, без притоа да ги оштети здравите клетки во организмот.

Научниците тврдат дека убодот од овој инсект може да ви го спаси животот

Ова истражување кое било објавено во магазинот „Biophysical Journal“ ни покажува дека отровот познат како антимикробен пептид полибиј (MP1) има многу поголем ефект во однос на хемотерапијата. Многу лекови кои се користат преку хемотерапијата се всушност отровни, бидејќи покрај тоа што ги убиваат канцерогените клетки, тие исто така ги убиваат и оние здравите, при што доаѓа до опаѓање на косата и општ пад на имунитетот. Но, со отровот од осите, изгледа умираат само канцерогените клетки.

Важно е да се спомене и дека различните климатски промени ширум светот предизвикуваат изумирање на осите. Можеби е конечно време да се обрне повеќе внимание на условите потребни за одржување на нивниот живот.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар