Семејството денес има сосема ново значење: Со Loop внесувате хармонија во вашиот семеен дигитален живот

Семејството денес има сосема ново значење: Со Loop внесувате хармонија во вашиот семеен дигитален живот

Најголемиот предизвик во денешно време освен егзистенцијата, менаџирањето на времето и борбата со професионалните и приватните премрежија е поривот да си го задржиме семејството поврзано и блиску, без разлика на динамиката и начинот на живот.

Семејството денес има сосема ново значење: Со Loop внесувате хармонија во вашиот семеен дигитален живот

Голем дел од семејствата се во постојана потрага по начини како квалитетно да им се посветат на децата или секогаш да бидат близу до родителите и драгите луѓе, споделувајќи со нив што е можно повеќе доживувања, мисли, идеи, искуства, љубов…

Но, не можеме секогаш да бидеме заедно со саканите, особено за празници или годишни одмори. Дури и кога сме на различни страни од светот, секогаш можеме да комуницираме преку многу различни алатки кои технологијата денес ги овозможува. Дефинитивно, креирањето на фотографиите и видеата, денес е многу полесно и позабавно. Всушност, едноставно е да се биде организирано и поврзано семејство со услугата Lооp на Т-Мобиле.

Споделувањето на фотографиите и видеата денес е лесно со најразлични апликации за вашиот компјутер или паметен телефон, но со Loop имате уникатна можност фотографиите да се гледаат на кој било MaxTV телевизор, дури и од најстарите генерации. Loop е достапно и за сите корисници на мобилна или фиксна телефонија, со вклучен простор од најмалку 5 GB.

Со Loop вашите фотографии и видеа секогаш се безбедни и достапни за прикажување. Услугата Loop е наменета за сите. Целото семејство може да учествува во креирањето на албуми, а споделуваните фотографии и видеа остануваат на уредите што ги користи секој член поединечно. При тоа, сите имаат пристап до сликите од одморот, патувањата, родендените или ѓаволштините што ги прават децата или возрасните.

Со активацијата на Loop дефинитивно внесувате хармонија во вашиот семеен дигитален живот. Споделете го она што го доживувате со целото ваше семејство, останете во контакт со најблиските, израдувајте им се на фамилијарните средби и собири или пак насмејте се на комичните видео клипови.

Креирајте убава приватна колекција на фотографии и видеа, којашто вие и вашето семејство ќе ја чувате со посебно внимание и љубов.

Регистрирајте се на loop.mk или преземете ја апликацијата од Google Play или App Store на вашиот смартфон или таблет.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар