Промоција од А1 Македонија – 50% попуст на дополнителни ТВ пакети

Промоција од А1 Македонија – 50% попуст на дополнителни ТВ пакети

Телекомуникациската компанија А1 Македонија со уште еден бенефит за своите корисници, во низата придобивки во периодот на Covid-19. Од денеска, А1 Македонија овозможува попуст од 50% на месечната претплата за активација на одредени дополнителни ТВ пакети.

Промоција од А1 Македонија – 50% попуст на дополнителни ТВ пакети

Имено, на сите корисници на тарифни модели кои вклучуваат ТВ услуга на кабловска или оптичка технологија им е овозможен попуст од 50% на 4 дополнителни пакети и тоа: HBO пакетот за кој редовната понуда е 249 денари месечно, промотивна понуда во овој период е 125 денари месечно; Digitalb Family пакетот со редовната понуда од 299 денари месечно е со промотивна понуда за 149 денари месечно и PINK и Balkan пакетите за кои редовните понуди се по 99 денари месечно за секој од пакетите, сега со промоцијата можат да бидат активирани за 49 денари месечно по пакет.

За корисниците со ТВ услуга на тарифни модели на DVBT технологија достапни со 50% попуст се следните ТВ пакети: HBO Lite пакетот за кој редовната понуда е 249 денари месечно, а промотивната понуда во овој период е 125 денари месечно; Digitalb Lite пакетот со редовната понуда од 99 денари месечно е со промотивна понуда за 49 денари месечно и PINK Lite пакетoт  со редовната понуда од 49 денари месечно е со промотивна понуда за 25 денари месечно.

Во овој период каде поголемиот број од граѓаните своето време го поминуваат во домот, овој вид на придобивки носат повеќе забава за сите корисници на А1 Македонија.

Дополнителните ТВ пакети, со 50% попуст на месечната претплата единствено се достапни за активација преку мобилната апликација Mојот А1.

Понудата е промотивна и важи ограничен период. Корисниците со активирани пакети во промотивен период ќе ги користат по намалените цени додека не ги деактивираат истите.

Повеќе информации можете да најдете на www.a1.mk или со јавување во Контакт центар на 077 1234.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар